Најголем дел од случаите се заразени во странство и вирусот го носат дома, а ширењето главно трга во регионите со пониска стапка на вакцинација. Моментално просекот на вакцинираност во Британија против сипаници е 87% (две дози ММР вакцина), што е под 95% потребни за елиминација на опасноста од сипаници.
Ваквата статистика експертите ја припишуваат на два фактора: првиот е „удобност“, односно луѓето не ги вакцинираат своите деца затоа што сметаат дека болеста не постои и не можеш да се заразиш. Второ, заради ширењето на анти-ваксерска пропаганда и леснотијата со која таа се консумира.
Британската министерка за здравство потсетува дека „лесно е да се заборави колку разорувачки можат да бидат сипаниците, токму затоа што вакцините се толку ефикасни во нивно спречување.“
По алармирањето околу состојбата со сипаниците на островот, премиерот на Британија, Борис Џонсон, воведе неколку мерки за заштита на децата, меѓу кои поттикнување на вакцинација на деца кои ги пропуштиле роковите, предупредување до социјалните мрежи да бидат повнимателни околу ширењето на анти-ваксерски пораки, а истите ќе бидат повикани и на обука за тоа како подобро да промовираат точни информации за вакцинирање.