
Едно истражување од пред 20 години кое подоцна беше многукратно научно дискредитирано а во кое погрешно се утврдуваше врска меѓу вакцината за сипаници и аутизмот и натаму успева да биде извор на скептицизам околу вакцините.
Според експертите, токму намаленото ниво на вакцинирани е еден од клучните фактори за актуелната рекордна заразеност на луѓето од Европа со мали сипаници.
Во првите 6 месеци од 2018 година забележани се 41.000 случаи на зараза и 37 смртни случаи. Претходната година имало 23.927 а во 2016 само 5.237 случаи на мали сипаници.
Болеста е јако заразна, се пренесува со кашлање и кивање. Голем дел од луѓето успеваат да ја пребродат без поголеми последици но таа може да води и до следниве компликации.
- енцефалитис (инфекција и потеченост на мозокот)
- менингитис
- фебрилни конвулзии (напади на треска)
- пневмонија
- хепатитис
Ама, имам читано на Фејсбук дека....