
Масимилијано Федрига, претседател на еден од регионалните ограноци на Лигата, 4 дена е задржан во болница откако бил заразен со овчи сипаници.
Откако се завршени сите испитување Федрига е пуштен дома на лекување и закрепнување.
Човекот е еден од најгласните противници на задолжителното вакцинирање деца кое покрива 12 болести, вклучително и овчи сипаници (варичела). Во 2017, по една епидемија на сипаници, италијанските власти воведуваат нови правила кои забрануваат невакцинирани деца да посетуваат градинка.
И покрај вака жестоките ставови, Федрига ги има вакцинирано сопствените деца. Неговото објаснување околу конфликтот е дека тој само бил против задолжителното вакцинирање.