Во текстот се наведуваат неколку примери, како оној на 18-годишна девојка од Колорадо, која во пост на Редит раскажува дека од 2-годишна возраст не е вакцинирана, и како мајка и се гордост се нарекува анти-ваксер.
„Мајка ми секогаш објаснува дека сум била премногу посебна за вакцини заради мојот аутизам“, пишува Лаура Ц, објаснувајќи дека родителката се откажала на првата вакцина против сипаници. (Во САД вакцините за сипаници се даваат еднаш на 12 до 15 месечна возраст, и втор пат меѓу 4 и 6 години.)
Заради одлуката на мајката, девојчето се чувства „изоставено“ кога чита како нејзините врсници се запишуваат на колеџ, бидејќи таа не може да го запише без потребната здравствена заштита. Откако станува полнолетна таа решава сама да ги подмири пропустите од минатото.
„Планирам да се вакцинирам за хепатитис А и Б, ММР (сипаници), грип, ХПВ, ТДаП (тетанус и др.) и многу други имунизации од кои бев 'исклучена',“ пишува девојката.
Салун ја пренесува и приказната на 23-годишна девојка од Канада, која раскажува дека никогаш не била вакцинирана како дете.
„Бев родена дома, и мајка ми ме носеше на хомеопати и натуропати што ги знаеше. Открив дека воопшто не сум вакцинира кога дојде ред за вакцини на училиште. Ни дадоа формулари кои дома требаше да бидат пополнети од нашите родители и мајка ми рече дека јас сум ослободена од тоа и ми рече воопшто да не се вакцинирам,“ објаснува девојката.
Кратко по ова таа почнува да се интересира и да пребарува на интернет како сама да се вакцинира. Во потрагата открива клиника за млади која дава бесплатни здравствени услуги на млади лица.
„Таму со еден од докторите зборував на повеќе теми, па и вакцините дојдоа на ред. Почнавме да разговараме и таа ми ги посочи Википедија и ВебМД и ме поттикна сама да разгледам таму, па да кажам што мислам за вакцините. Исто така никогаш не ми беше дозволено да земам антибиотици, а во тоа време имав сериозна инфекција на грлото па и тоа го разгледав на Википедија,“ раскажала девојката во мејлот до Салун.
На крај таа оди во клиника за вакцинирање, каде детално разговара на сите можни теми околу вакцинацијата што ја интересираат, и почнува со вакцинирање.
„Од тогаш ги добив сите вакцини, и редовно одам на вакцинирање против грип. Би сакала моите родители да ме имаа вакцинирано, и мило ми е што се вакцинирав,“ порачува 23-годишната девојка.
Анти-ваксерството како нова појава речиси по правило е венов дијаграм на луѓе со минимално (на граница со непостоечко) познавање од медицина и луѓе со вишок време (без работа). Изобилието на овие две множества (за кои интернетот и социјалните мрежи дојдоа како стероиди) предизвика болести кои на почетокот од 2000-те беа прогласени за исчезнати да направат камбек, и повторно да шират страв и паника, како во старите добри средновековни времиња кога најантикваксерски народот лечи болести со тревки, корени и животински делови.
Во моментот на пишување на текстов, февруари 2019, во Македонија владее епидемија на сипаници, во која до сега се заразени 150 лица, главно невакцинирани деца.