Како што доктори сето ова време апелираат луѓе да се вакцинираат, така ветеринарите последниве години очајно ги потсетуваат сите дека вакцините се здрави и дека нема да им ги направат домашните миленици аутисти.
Во последниот извештај на водечката британска ветеринарна добротворна организација, ПДСА (People’s Dispensary for Sick Animals), се наведува дека во 2018 бројот на вакцинира домашни миленици паднал на 66%. Во 2016, истата оваа ставка била 84%.
Иако во 2018 е паднат бројот на вакцинирани, за истата година не е паднат бројот на посети на ветеринар или други здравствени сервиси за животни.
Во извештајот на ПДСА експлицитно е наведено дека митовите и дезинформациите околу вакцините за луѓе што се шират на социјалните медиуми, можно е да ги имаат зафатено и сопствениците на миленичиња.
„Овие негативни пораки околу вакцините можат да бидат проектирани врз милениците на изненадувачки начин - на пример, лажната поврзаност меѓу вакцини и аутизам веќе се пренесува и кај скептиците за вакцинирање миленичиња, и покрај тоа што секоја поврзаност е детално побиена кај луѓето, а аутизам кај животни се уште не е документиран,“ се наведува во извештајот.
Падот на вакцинацијата на миленици горе доле содејствува со падот на стапката на вакцинирани деца. Ова второто е причина зошто Британија минатиот месец го изгуби статусот на земја без сипаници.