Макс Блументал открива:

Новиот извештај за ѕверствата на 7 октомври е дело на израелска пропаганда

Новиот извештај за ѕверства на Хамас врз израелски цивили во 2023 година, кој ја згрози светската јавност, всушност е дел од израелската пропаганда, тврди Макс Блументал. Неговиот портал Грејзон одамна ја откри измамничката позадина на Комисијата за 7 октомври, која во извештајот рециклира обвинувања што биле дискредитирани пред две години.

Во новиот извештај на „Граѓанската комисија за злосторствата од 7 октомври“, објавен во водечките мејнстрим медиуми во САД, се наведуваат докази за „систематско и широко распространето сексуално и родово базирано насилство“ за време на масакрот извршен од Хамас на 7 октомври 2023 година, што ја поттикна израелската воена интервенција во Газа.

Комисијата била основана набрзо по нападот од д-р Кочав Елкајам-Леви, а подоцна се проширила како волонтерско тело од адвокати, активисти, криминолози и истражувачи кои работат на собирање сведоштва и документарни докази за злосторства врз жени и деца.

Основа на новиот извештај, објавен завчера, биле прегледи на повеќе од 10.000 фотографии, анализи на над 1.800 часа снимки и повеќе од 430 интервјуа, сведоштва и средби со преживеани, ослободени заложници и експерти.

Повторливата природа на насилството покажа дека актите не биле изолирана бруталност, туку дел од поширок оперативен метод... Тие претставуваат воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцидни акти според меѓународното право, заклучува Комисијата. 

Објавувањето на извештајот се поклопува со одлуката Кнесетот да формира специјален трибунал за судење на учесниците во нападите на Хамас, со можност за изрекување смртна казна за виновните. 

Извештајот во голема мера, ако не и целосно, се состои од рециклирани обвинувања од втора и трета рака кои беа дискредитирани пред две години, многу од нив од израелските медиуми, пишува Макс Блументал.

Тој потсетува дека израелскиот медиум Ynet пред повеќе од две години ја разоткрил Елкајам-Леви како измамничка што извлекувала пари од донатори, лажела за злосторствата на Хамас, а нејзината Граѓанска комисија служела како „корумпиран механизам за собирање средства“.

Порталот Грејзон тогаш додаде дека Елкајам Леви на настап во Харвард покажала стара фотографија од курдски жени што загинале во борба и ги претставила како убиени израелски жени при нападот на 7 октомври.

Најилустративните обвинувања од новиот извештај, според Блументал, биле преземени од рубриката „Врисоци без зборови“ на Њујорк тајмс. Овие тврдења подоцна биле побиени, а водечкиот новинар бил отпуштен. 

Извор на други обвинувања во извештајот е Рами Давидјан, за кој било разоткриено дека измислувал лажни приказни за злосторствата од 7 октомври за профитабилни хонорари за предавања.

Дејли мејл завчера го објави извештајот како ударна и „ексклузивна“ вест. Авторката Натали Лисабона пишува дека терористи од Хамас „палеле бебиња и корнеле фетуси од бремени жени“. Блументал тврди дека Лисабона е дел од израелската пропагандна машина и дека пренесувала сведоштва на луѓе што не постојат.

Две недели пред нападот на Хамас, таа објавувала вести во ББЦ за бомбони направени од инсекти. Набрзо потоа станала водечки репортер на Дејли мејл што открива како терористи од Хамас силуваат деца и тела на убиени цивили. 

******
Види и: Модна блогерка и сомнителен доктор му наместија „30.000 жртви“ на Техеран

14 мај 2026 - 09:07