Медиумски мршојадци заработуваат на трагедии

Падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад и смртта на четиринаесет лица очекувано привлече големо внимание не само во Србија туку и во регионот. Не секогаш тоа беше со човечки и здрави медиумски мотиви. Еден хрватски медиум некако се досетил како да заработи од оваа несреќа. Ќе бил прозорец за вистината за несреќата бидејќи во Србија била тотална цензура.

„Поради цензурата на медиумите во Србија и неможноста граѓаните да бидат вистинито информирани за оваа тема, како и опасноста таа да биде заташкана, Индекс интензивно ја следи. Доколку имате информации, кажете ни на desk@index.hr. Написите можете да ги следите и на нашата апликација под тагот Нови Сад“, објави деновиве  порталот Index.hr.

„Па, колеги и колешки, точно е дека овдешните таблоиди се најлоши во регионот и стварно дека ги контролира државата, ама баш можевте од тука да земете нешто друго а не вирусот на медиумското и таблоидно лешинарење. Можевте да испратите и по некој новинар во Нови Сад, не е крај на светот, сепак сте во Загреб“, одговара Јована Глигоријевиќ во белградско Време.

Додава и дека на секој независен новинар во Србија му е жал што овие денови ги валка Информер и ги нарекува усташи, бидејќи тоа не се, но дека никој, па ни публиката на Информер, не го смета него за медиум.

А она што го напиша Индекс не е ни точно ни коректно.

Барем 15 новинарски тимови на независни медиуми во Србија деновиве се искршиле од работа последните денови. Некои не мрдаат од лентата што го оградува местото на злосторството во Нови Сад, други се во Клиничкиот центар во Војводина, други вртат хартии, договори, градежни дозволи и ја следат трагата на парите. Четвртите се на протести.

Но, што ви кажувам кога знаете? Веќе сами сте објавиле, да не речам пренеле. Само не ми е јасно од кого сте пренесувале ако овде има тотална цензура, а граѓаните на Србија треба да кликнат на Индекс за да видат што се случува во Нови Сад. И да, пренесовте, граѓаните не ве известуваа туку сето тоа го земавте од Радио 021, од Телевизија Н1, од Телевизија Инсајдер... Го земавте од оние што работат дење и ноќе после овој хорор што се случи во Нови Сад, несомнено по нечија вина.

Глигоријевиќ вика дека не е проблем тоа што преземале содржини:

Проблем е што лешинарите на несреќа, што пробавте да зголемете читаност така што ќе го привлечете вниманието на публиката од Србија. Што вика Гугл аналитика, ви скокна ли сообраќајот од овде? 14 мртви е добра прилика за заработка, така ли?

7 ноември 2024 - 14:12