„Наша работа во Вашингтон пост е преку редакцијата да обезбедуваме непартиски вести за сите Американци за да им помогнеме на нашите читатели сами да одлучуваат“, напиша ЦЕО-то на Вашингтон пост, Вилијам Луис, во едиторијал кој обелоденува дека медиумот нема да поддржи ниеден кандидат на претседателската трка која влегува во финиш.
Убаво тоа, читателите сами да решаваат, само што Вашингтон Пост тоа го нема направено уште од 1988 година. Оттогаш, на сите избори решавале да поддржат еден од кандидатите, исто за да им помогнат на читателите „сами да одлучуваат“. На последните избори во 200 година, го поддржаа, нормално, Џо Бајден.
Има гневни на ваквата одлука во самиот медиум и меѓу читателите, исто како кај ЛА Тајмс кој пред неколку дена донесе идентична одлука. Таму имаше и оставки заради незадоволство од изненадувачката желба за неутралност, и тоа во уредничкиот дел од редакцијата.
„Ова е кукавичлук чија жртва ќе биде демократијата,“ напиша поранешниот уредник на ВП, Марти Барон. Снмета дека ваквата одлука ќе го охрабри Трамп да го малтретира Безос и другите сопственици на медиуми. „Ова е вознемирувачка безрбетност во институција позната по својата храброст“, пиша тој.
Од друга страна, Мат Таиби ваквите уредувачки одлуки на Вашингтон Пост и ЛА Тајмс го толкува како подготовка да ги дочекаат -за нив - лошите вести од гласањето.
Додава и дека уредувачката сива еминенција на ВП, колумнистот Роберт Каган сега ќе има повеќе време да биде со својата сакана сопруга, Викторија Нуланд.
Иако овие два битни и влијателни медиуми донесоа такви одлуки, останатиот медиумски пејсаж во САД е јасно определен, главно фаворизирајќи ја Камала Харис: