Европа станува бастион на цензурата

Европскиот суд на правдата донесе одлука со која дозволи кривично гонење на поединци кои ќе објават или споделат содржини на Раша Тудеј и други руски медиуми кои имаат врска со државата. Небитно дали пренесените информации биле точни или не, небитно ако некој тоа го направил без економска корист, небитно ни дали содржината што ја споделил воопшто има врска со пропаганда или украинската војна. „Маша и Медо“ да се сподели од РТ, може да се заглави на повеќегодишна робија. 

Европскиот суд на правдата донесе пресуда според која забраната за емитување содржини од рускиот државен медиум Russia Today (РТ) и слични руски медиуми важи и за бесплатни и непрофитни веб-страници. Ова овозможува кривично гонење на поединци кои ги објавуваат или споделуваат таквите материјали и кога немаат економска корист од тоа.

Судот донесе ваква одлука како одговор на прашање од германски суд за случај во кој тројца германски државјани се гонат поради објавување видеа од РТ Германија на веб-сајт финансиран само од доброволни донации. Судот утврдил дека поимот „оператор“ во санкциите на ЕУ опфаќа секое лице кое директно или индиректно го прави забранетиот материјал достапен за јавноста, без разлика дали активноста е економска или не.

„Забраната за емитување содржини од каналот Russia Today се применува и на веб-страница која бесплатно е достапна за јавноста“, се вели во пресудата. „Комерцијалната природа на активноста не е релевантна – важно е дека содржината станува достапна за пошироката јавност“.

Оваа одлука се однесува на сите земји-членки на ЕУ и може да погоди поединци, блогери и веб-администратори кои споделуваат материјали од РТ, Спутник и други санкционирани руски државни медиуми кои ЕУ ги смета за дел од пропагандната машина на Кремљ.

„Најлудиот аспект е тоа што НЕ е важно дали пренесените информации се точни или не. Важно е само што потекнуваат од РТ или други медиуми забранети во ЕУ“, пишува Арно Бертран кој вели дека со ова се детонира просветителската идеја дека е поважно „дали е вистина“ од „кој го кажува тоа.“

Во Германија, кршењето на овие санкции може да носи казна до пет години затвор.

Преседанот што се воспоставува на овој начин им дава одврзани раце на властите на која било земја-членка во ЕУ да спроведат масовна репресија против обичните жители кои имаат сопствен поглед на светските настани - поглед што отстапува од наративот наметнат одозгора“, гласи реакцијата на руското МНР. 

Сметаат дека ова е уште еден впечатлив пример како ЕУ се потсмева со правдата и основните човекови права, вклучително и правото на непречен пристап до информации и слободата на изразување.

„Помислете на апсурдноста: ако РТ објави видео во кое се вели дека небото е сино и вие го споделите тоа на јавно достапна веб-страница во ЕУ, ќе спаѓате во опсегот на оваа пресуда, што ќе ве направи мета за кривично гонење“, пишува Бертаран.

Москва оценува дека во суштина се работи за намера да се всади рефлексен страв кај граѓаните на земјите-членки на Европската Унија кон сите извори на информации „кои не се овластени“ од Брисел, да се затворат луѓето и заедниците во информациски меури отпорни на незгодни вистини и да се лишат од можноста да формираат независно мислење за настаните и процесите кои се важни за нивните животи.

A за Маша и Медо не се зезавме. Преку 50 британски пратеници деновиве потпишаа барање за забрана за популарниот руски цртан за деца зашто за нив тоа е облик на „мека пропаганда“. 

Ајмо!

 

5 јули 2026 - 08:39