Конкуренцијата е Фејсбук, Инстаграм, Икс и Тикток, и од овие четири испитаниците сметаат дека Тикток бил најмалку веројатно да влијае на вестите што тие ги гледаат, без разлика дали преку алгоритамот или модерирање на содржина.
Од 10.000 испитаници, 61% изјавиле дека Тикток влијае на вестите што им се појавуваат на апликацијата, за Икс биле 66%‚, Инстаграм 72, а Фејсбук 74%.
Испитаниците кои изјавиле дека ги следат вестите биле помалку загрижени околу точноста на информациите што ги наоѓаат на Тикток во споредба со другите социјални мрежи. 71% изјавиле дека вестите на Тикток понекогаш, често или екстремно често се неточни. Инстаграм добил 76%, Фејсбук 84, а Икс 86.
Тикток на почетокот од годината доби рок за гасење или продавање на својот бизнис во Америка, заради стравот дека социјалната мрежа, со кинеско потекло, би можела да претставува закана за американската национална безбедност. Изминатиот месец Тикток беше критикуван од американски конгресмени за начинот на кој ги модерира вестите поврзани со Хамас-Израел конфликтот.