После Гардијан, Ла Вангвардија и германската еснафска организација, и Европската федерација на новинари реши дека не е етички да се остане на Твитер, по ново Икс.
„Не можеме да продолжиме да учествуваме во хранењето на социјалната мрежа на човек кој прогласи смрт на медиумите, а со тоа и на новинарите... Социјалната медиумска страница X стана префериран вектор за теории на заговор, расизам, екстремно десничарски идеи и мизогинска реторика. X е платформа која веќе воопшто не му служи на јавниот интерес, туку на посебните идеолошки и финансиски интереси на нејзиниот сопственик и неговите политички сојузници“, пиша европската федерација.
Од друга страна, оние што се критични кон медиумите на кои Твитер не им пречеше кога масовно беше цензуриран, во тесна соработка со со владини агенции (што беше обелодено со Твитер фајловите, види „Тајните црни листи на Твитер“), велат дека токму тие ги девалвираа термините како расизам и мизогинија поради што тие денес немаат никаков ефект кај пошироката јавност.
„Вистинската причина зошто корпоративните новинари бегаат од Икс е затоа што сега можат да бидат оспорени поради нивните лажни информации и пристрасно известување, на фер терен и во фер дебата. Под претходниот прогресивен режим на Твитер, левичарските новинари и активисти едноставно можеа да контактираат со своите пријатели во компанијата и нивните критичари да бидат етикетирани или забранети“, пишува на ЗероХеџ.
Досега ниту една новинарска организација со седиште во САД не ја напушти платформата (освен поединци како Дон Лемон) што наведува на заклучок дека додека Америка почнува да се ослободува од канџите на лажната прогресивност, Европа сè повеќе заглавува во нив.
Не се трпи таа слобода, да се читаат секакви мислења, од марксистички до оние блиски на Светскиот економски форум.
*********
Види:
Твитер на платен список на ФБИ
279 лаги, за само една тема, од само еден медиум
Мат Таиби за злосторничкото здружување „Влада, НВО-а и медиуми“
Владата секогаш е најопасен извор на дезинформации
Како Твитер не даде да се чуе сè за ковидот