Во БиБиСи не се ни зуцнува против транс

Поранешна директорка на вести на БиБиСи го потврдува она што јавноста и критичарите подолго време го насетува: таа редакција е заложник на бучни воук активисти и таквото заробување одвнатре го има претворено британскиот јавен радиодифузен сервис во алатка и оружје на контроверзни идеолошки агенди. Од вработување до детски емисии во кои ликови за петгодишни деца користат they/them.

Френ Ансворт, која била директорка на вестите на Би-Би-Си од 2018 до 2022 година обeлодени дека од таму, во суштина била избркана од транс активистите и „прогресивното лудило“ што доминира во корпорацијата.

Во интервју таа ја опишува атмосферата во средина во која луѓе се малтретираат а уредниците избегнуваат критичко известување за транс прашања од страв да не бидат нападнати од сопствените колеги.

Таквата атмосфера се протегала и надвор од транс темите, па луѓето почнале да ги задржуваат за себе ставовите за кои претпоставувале дека ќе доведат до проблеми.

Забелешките на Ансворт создаваат слика за редакција каде што оспорувањето на преовладувачкиот наратив за прашања од „културната војна“ носело професионални ризици. Уредниците на програмите се држеле настрана од стории што ја преиспитуват транс агендата, заради лична претпазливост кон оние вработени кои биле блиски со активистите. 

Таквиот постојан притисок бил главна причина што таа заминала од сервисот во кој авто-цензурата станала прилично ефикасна.

Тоа е одраз на претходно воведените практики за вработување во Би-Би-Си. Во 2024 година, радиодифузерот јасно стави до знаење дека нема да вработува кандидати кои ги отфрлаат политиките за диверзитет различност и инклузија, ефикасно исклучувајќи ги оние кои се скептични кон доминантната идеологија. Беше наложено да се дисквалификува секој што покажува недостаток на ентузијазам за овие теми, обезбедувајќи идеолошка конформност уште од самиот почеток.

Признанието на Ансворт се случува во услови на тековните скандали околу справувањето на Би-Би-Си со родовите прашања, вклучително и обвинувања за штетни и пристрасни детски програми.

Кон крајот на 2025 година, над 650 семејства ја обвинија Би-Би-Си дека им наштетува на децата преку упорно внесување на про-транс материјал во емисии и драми. Наведоа и примери: лик наменет за петгодишни деца користи заменки They/Them.

Моделот е јасен: јавeн радиодифузeн сервис финансиран од даночните обврзници им овозможил на внатрешни клики да диктираат уредничка насока, од вработување до детски емисии што промовираат оспорени идеологии. Ова не само што ја поткопува непристрасноста, туку и ризикува нанесување штета во реалниот свет, со обликување на јавниот дискурс - и младите умови - околу оспорени тврдења, наместо нудење докази и рамнотежа“, пишува Стив Вотсон во Модернити.

 

20 мај 2026 - 09:40