Уредник во BBC, човек на Мосад и ЦИА

Тринесет вработени на ББЦ споделија дека на човекот кој го води нивното биро за Блискиот исток, главна работа му е да ублажува сè што звучи критички кон Израел и дека во целата куќа владее естремен страв да не се каже нешто погрешно за таа држава. Човекот за кого се зборува во својата канцеларија држи врамено писмо од Бенјамин Нетанјаху во кое тој ја фали неговата книга за разузнавање.

Висок уредник на Би-Би-Си го подгреа тековниот скандал за систематската про-израелска пристрасност на мрежата, откако се обелодени дека е поранешен член на пропагандна група на ЦИА.

Рафи Берг е Англичанец кој раководи со бирото на Би-Би-Си за Блискиот Исток, порано работел за американската информативна служба за надворешни радиодифузни услуги на Стејт департментот, единица која, според неговото сопствено признание, била маска за ЦИА.

BBC ги оспорува наводите иако Берг во моментов е предмет на внатрешна контрола, откако тринаесет вработени се огласија, тврдејќи, меѓу другото, дека „целата негова работа е да ублажува сè што е премногу критично за Израел“ и дека во медиумот има култура на „екстремен страв“ за објавување на што било критичко за Израел.

Берг работел за американската агенција три години пред да се приклучи на Би-Би-Си, објавува Минтпрес.

За таа агенција на Википедија пишува:

Странскиот радиодифузен информативен сервис (FBIS) беше опен сорс разузнавачка компонента на Дирекцијата за наука и технологија на ЦИА. Следеше, преведуваше и дистрибуираше до американската влада достапни вести и информации од медиумски извори надвор од САД.

Берг не го ни спори тоа. Во интервју за The Jewish Telegraph од пред 4 години, признава дека бил одушевен што може да работи за агенцијата, откако профилот му бил темелно прочешлан.

„Бев тргнат настрана и ми кажаа: Можеби знаеш, а можеби и не, дека сме дел од ЦИА. Не зборувај по луѓе за тоа.“

Берг во својата канцеларија на BBC држел врамена заедничка слика со командант на Мосад, како и врамено писмо кое го добил од Нетанјаху полно со фалби за неговата книга „Шпиони од Црвеното море.“

Не само што е незамисливо новинар на BBC да држи слика како се гушка со командант на Хамас, туку куќата неодамна суспендираше шестмина свои новинари чии твитови биле про-палестински.

Последниве години, Вашингтон покажува значителен интерес за влијание врз британскиот печат. The National Endowment for Democracy (види: Тоа што не може ЦИА, може Националниот фонд за демократија) троши милиони долари за финансирање на широк спектар на медиуми во Обединетото Кралство. Нејзината сестринска организација, УСАИД, е трет по големина финансиер на BBC Media Action, добротворната гранка на компанијата, која донира над 2 милиони долари годишно.

********

Види и:

Ви текнува дека нема AID vo USAID?

Знае УСАИД што насушно ни треба

Чарлс Гарет и пучот во Македонија

7 јануари 2025 - 13:41