Ви текнува дека нема AID vo USAID?

Како некогашно лице од Стејт Департментот, Мајк Бенц е инсајдер од „мочуриштето“. Денес е директор на Фондацијата за онлајн слобода, беше кај Џо Роган и неколку пати баш го остави без зборови. Пар извадока од неговото гостување, за корените на проблемите во Украина и за вистинската функција на омилената владина агенција на нашите невладини.

Прво нешто за Украина:

Пробавме да ја собориме украинската влада и успеавме во тоа. Не навлегувам дали е тоа добра или лоша работа. Факт е дека американската влада го симна Јанукович. Викторија Нуланд делеше колачиња и шишиња вода на насилните улични протести кои го опколија парламентот и ги исфрлија властите.

Но, она што се случи го отуѓи источниот дел од земјата, тој комплетно се отцепи, не ја признаваа новата инсталирана од САД влада, Крим гласаше на референдум да ѝ се придружи на Руската федерација.

Ние вбризгавме пет милијарди долари во медиумските институции во Украина, тоа го кажа и Нуланд во декември 2013-та. Пет милијарди долари за да се формираат независни медиуми, всушност го спонзориравме нашиот медиумски капитал во регионот, но тој сепак не успеваше да продре во источна Украина.

Затоа решивме дека ни треба нешто да ги оневозможиме да се спротивстават на нашето медиумско влијание. Тоа се викаше „доктрината на Герасимов“ по рускиот генерал Валериј Герасимов кого го цитираа дека „новата природа на војната веќе не е конфликт војска со војска, треба да се преземат медиумите во НАТО земјите, да се избере марионетски претседател и потоа тој ќе ја контролира војската. Така е поевтино да се добие војна - да се победи на избори...“

Подоцна тоа беше преформулирано како „хибридна војна“ а НАТО сфати дека војната не се тенкови туку контрола на твитовите....

Нема никаква помош (AID) во УСАИД. Мозокот ви е измамен кога ќе ја видите таа кратенка која доаѓа од  US Agency of International Development.

Тие развиваат на меѓународно ниво институции кои Стејт Департментот планира да ги употреби. Кога „јакнат капацитети“ на некои активистички организации, тоа е затоа што на Стејт Департментот му требаат тие активисти таму.

Со буџет поголем од ЦИА и од Стејт Департментот, УСАИД има задача да му асистира на Пентагон, на Стејт Департментот и на разузнавачката заедница.

**********

Види и:

Знае УСАИД што насушно ни треба

Како УСАИД не направи кубански Твитер?

УСАИД подесно од ВМРО

Спиеш ли мирно, УСАИД?

Усаид + Сорос = Албанија

Седнав до грантот на УСАИД и плачев

10 декември 2024 - 12:07