Вашингтон пост во минус со публика од 90%

Изминативе четири години, откако дојде Бајден па до денес, бројот на претплатници и читатели на Вашингтон пост е паднат за незамисливи 90%. И другите меинстрим медиуми не се нешто подобро.

За последниве четири години Пост пикот го има во јануари 2021, кога Бајден влегува во Белата куќа, и тогаш брои дневна публика од 22,5 милиони корисници.

Минатата година, 2024, Пост ја завршува со просек од 2,5-3 милиони корисници на ден. Американските медиуми забележуваат и дека Пост минатата година престанал јавно да ги објавува бројките за читаноста.

Процената е дека Џеф Безос периодов се обидува Пост да го приближи кон центарот, нешто што го покажа и со својата одлука да не дозволи весникот да објави директна поддршка за Камала Харис. Одлуката околу Харис беше и причина за масовен егзодус на вработени од весникот.

Работите не се нешто подобри ни кај СиЕнЕн кој во првата недела од декември 2024 има помалку гледачи отколку Фуд нетворк. Додека ЕмЕсЕнБиСи е на пат да биде продаден или целосно реорганизиран од сопственикот Комкаст.

14 јануари 2025 - 11:19