Неофицијалната позиција на индиското МНР е дека дебатата за санкциите е нерелевантна за Индија, додека поранешни индиски дипломати сметаат дека тоа покажува „дупли стандарди“ од западните држави.
Американското барање дошло за време на посетата на американскиот помошник секретар Доналд Лу, кој бил во Делхи за подготовка за посетата на индискиот претседател Нарендра Моди на САД, закажана за 21 септември.
Деновиве Мета по наговор на американските власти целосно ја суспендираше РТ и сите нејзините профили и сметки од своите платформи, комплетно цензурирајќи ги содржините од медиумската мрежа.
Американските власти тврдат дека РТ е „де факто огранок на рускиот разузнавачки апаратус“.
На САД во кампањата за забранување на содржините на РТ им помагаат Британија и Канада кои треба да помогнат во „собирање на сојузниците и партнерите околу светот за да ни се приклучат во соочување со заканата што ја претставува РТ и останатата машинерија за руски дезинформации и тајно влијание.“
Коментарот на поранешниот индиски амбасадор во Русија и Франција, Канвал Сибал е дека американските постапки за укинување и цензурирање на руските медиумски организации им штетат на вредностите на сама Америка, без разлика на американската реторика за поддршка на слободата на говор.
САД до сега ги забранија и комплетно ги цензурираат содржините на речиси сите руски медиуми кои не им се по мерак и кои меѓу другото се финансираат од рускиот буџет.