Новинар: Што прво ќе направите сега, откако го купивте CNN?
Тед Тарнер: Ќе купам неколку стари хотели, кога дента ќе нема вести, ќе ги палам.
Со CNN, Тарнер веруваше дека 24-часовната кабелска новинска мрежа ќе ги демократизира информациите и ќе ги прошири хоризонтите за Американците. Наместо тоа, се изгради прототип за фрагментирана, „партиска“ телевизија која помогна да се забрза политичката поларизација во САД.
CNN сега каска зад подкасти како оној на Такер Карлсон, кои рутински привлекувааат публика по епизода многу поголема од гледаноста на CNN во ударниот термин.
Не е само тоа. Сосема е можно куќата да влезе под капа на Парамаунт Скајденс на Дејвид Елисон, чиј татко, Лари Елисон е еден од најголемите поддржувачи на Доналд Трамп. Гарантираат околу 45 милијарди долари свежи пари а постариот Елисон наводно му ветил на Трамп големи промени во CNN.
Слични резултати дадоа и другите медиумски потфати на Тарнер.
Спојувањето на AOL Time Warner во јануари 2000 година беше последниот и најсмел потег на Тарнер од ваков вид. Тој веруваше дека традиционалните медиуми можат да го обликуваат интернетот со тоа што ќе го апсорбираат. Идејата беше да се спои стариот медиумски уреднички авторитет на Тајм Ворнер со огромната дигитална дистрибуција на АОЛ. Се случи логиката на АОЛ со метрики одвнатре да го изеде Тајм Ворнер, пред падот на dot-com да ги уништи и двата.
Две години подоцна Тарнер гледаше како компанијата за која гласаше објавува гигантска загуба од 99 милијарди долари, период во кој тој изгуби околу 80% од неговото богатство.
Во брак со страсната левичарка Џејн Фонда која на ОН им донираше милијарда долари, Тарнер веруваше дека проширувањето на пристапот до вести, спорт и филм ќе донесе поинформирана и помалку провинциска американска јавност.
„Toa не се случи; функционалната писменост на американската јавност опадна и таа пополаризирана од кога било. За жал, неговото наследство е земја во која дури и неговите најгласни професионални кечери не можат да бидат слушнати од општата врева“, пишува Оливер Бејтмен.
