Јанис Ексархос објаснува дека постои „несвесна наклонетост“ кај камерманите заради која има повеќе зумирани снимки од Олимпијки отколку од Олимпијци.
„За жал, на некои настани жените се уште се снимаат на начин на кој можеш да утврдиш дека стереотипите и сексизмот останува, дури и од начинот на кој камерманите поразлично ги врамуваат мажите и жените.
Жените спортисти не се тука затоа што се попривлечни или секси или што и да е. Тие се тука бидејќи се елитни спортисти,“ објаснил Ексархос.
Ова се први игри на кои машките и женските спортови ќе добијат иста минутажа на преносите.
Како дел од оваа промена, женскиот маратон ќе биде последниот настан на игрите наместо машкиот. Исто така е изменет и редоследот кај дел од спортовите, каде вообичаено секогаш прво одеше женското финале, а потоа машкото.