Во понеделникот имаше нова епизода на „Тајните на Плејбој“ и излегоа многу непријатни тврдења за Хју Хефнер и наводните гадости што се случувале во куќата Плејбој. Поранешната девојка на Хефнер, Сондра Теодор се отвори за нејзината петгодишна врска со него и го нарече „чудовиште“.
Иако делува дека е апсолутен фрик и само мисли на фудбал како Гвардиола, сепак тренерот на Јувентус може да сними филм за неговиот луд приватен живот. Ни самиот веќе не знае колку партнерки имал, со колку се верил и планирал заеднички живот. Има две деца од различни жени.
Основачот на Плејбој почина синоќа на 91-годишна возраст а во знак на негово сеќавање избравме 12 најдобри насловници од магазинот на Хеф со спортистки.
За конзервативците беше расипувач на смерната американска младина. За феминистките беше шовинист. За многумина беше борец за човекови права, особено за сексуалните. Хју Хефнер се одјави на 91, задоволен од постигнатото.
Откако ја извади голотијата заради зголемување на рекламниот опсег, Плејбој мудро реши дека е глупо да се откаже од својот идентитет. Потег кој заслужува аплауз, само што, за аплауз требаат две раце, а Плејбој е магазин кој се чита со една.
Кога некој ќе замине, остануваат блиските да се сеќаваат на нивните дела. Откако Плејбој реши да ја упокои голотијата, ние ужалените решивме да ги собереме сите - ама баш сите - одбрани убавици, кога било објавени на страните на овој магазин.
Минатиот октомври Плејбој објави дека по 62 години печатење, од годинава повеќе нема да објавува голотија. Дојде новата година, и луѓето стварно си стојат на збор.
За март 2016-та култниот Плејбој најави драстично и рискантно ребрендирање при што во печатеното издание девојките веќе нема да бидат голи. По тој тажен повод Њујоркер објавува реакции на читателите. Последнaта читателка доби дури и покана за работа во Плејбој.
Од општ сеир дека интервјуата во Плејбој се чисто за алиби на тие што го купуваат, со последните промени во компанијата токму интервјуата треба да станат носители на списанието. За да покаже дека Плејбој има често занемарено пребогато портфолио со интервјуа, Лонгформ вади листа (и комплетни текстови) од десетина легендарни интервјуа објавени во магазинот.
Основачите на Гугл речиси 12 години немаат прозборено со новинари, не затоа што им се нешто лути, туку затоа што со последниот муабет ќе го упропастеле веројатно најголемиот проект на компанијата.
62 години по првиот број, еден од уредниците на Плејбој оди на вечера кај се уште главниот уредник Хју Хејфнер, со радикален предлог, да престанат да објавуваат слики од голи жени. 89-годишниот Хефнер се согласува. Од март следната година Плејбој повеќе нема да има голи жени. Ќе има жени, ама не голи.
Имаше деновиве човечки убави и искрени испраќања од починатиот Арсен; Раде Шербеџија и Зоран Предин, Миљенко Јерговиќ, Ѓорѓе Балашевиќ....Одбираме да ви го пренесеме сеќавањето на Анте Томиќ за епизодата кога му земал интервју за Плејбој. За контроверзите во самиот Арсен, за простаклукот и аристократската рафинираност кои истовремено ги поседувал. Му кажал еднаш Томиќ: "Се имате повлечено во себе". Арсен одговорил: "Е, не, во тебе ќе се повлекувам".
Темата ја воскреснува интервјуто што Гери Олдман го дава за најновиот број на Плејбој, а во него коментира за Мел Гибсон, за животот на ѕвездите, за Златните глобус, за Филип Сејмур Хофман, за Оскарите.
Фотките на Ријана во магазинот Луи покажаа едно згодно науљено тело (глупо е да напишеме замастено ко да е свеќица од Фиќо), фини цициња, една тетоважа под нив и пирсинг на брадавицата. Но, истите фотки обелоденија уште една работа: колку Плејбој е веќе нерелевантен.
Иако општиот став е дека текстовиве во Плејбој се само заради алиби, новата постава која е на власт во империјата на Хју Хефнер одлучи да намали со голотијата и повеќе да удри на текст.
Прв пат од неговото формирање во 1953. магазинот „Плејбој" на средните страници во изданието за јануари/фебуари 2013 нема да има класични разголени убавици, туку дела од познати современи уметници.
За едно дваесет години овие девојки ќе се сеќаваат дека во најдобрите денови биле хостеси облечени во секси корсети, манжетни, зајачки уши и пуфкасто опавче. Дека, како и голем број нивни постари колешки, биле горди Плејбој зајачици.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Панама му го разубаве денот на еден млад навивач сликајќи се со него, но целата слика ја разубаве содржината на неговата ќеса.