Анализата направена од Вол Стрит Журнал покажала дека компанијата сега заработува повеќе пари од помалку приходи и тоа благодарејќи на одредени одлуки на Скот Фландерс, првиот ЦЕО на компанијата кој не се презива Хефнер. (Финансискиот успех добро му доаѓа на Фландерс, посебно затоа што имаше одредени проблеми со "пуштање" на Плејбој зајачиците, заради што мораше да оди на "тренинг за чувствителност".)
Освен што се обидува да намали со голотијата во списанието, Фландерс прави сериозен јуриш со мобилните содржини на Плејбој. Ова е прилично голем проблем, ако се земе во предвид дека иОС и Андроид имаат сериозни забрани за апликации со голотија и порнографија.
Заради сето ова, годинава Плејбој ќе го издаде своето прво издание за Ајпад, кое ќе биде без ниту трошка голотија. Ќе има убави жени, ама ниту една од нив нема да биде гола.
Со сите овие промени Плејбој во 2012-та имаше годишен приход од 135 милиони долари, споредено со 240-те милиони долари во 2009-та, пред доаѓањето на Фландерс. Сепак разликата е во тоа што од парите од 2012-та, на Плејбој чисти му останаа 38,9 милиони долари, додека во 2009-та оваа сума изнесуваше само 19,3 милиони долари.