До пред неколку години, беше незамисливо актуелна ѕвезда од калибарот на Ријана да реши да се слика на гола фото сесија а тоа да не биде за второто име на голотијата - Плејбој, магазинот кој соблекол повеќе познати жени отколку што наш Лешоски изгубил јакни.
Па сепак, таа тоа деновиве го стори за францускиот магазин Луи со што се потврдува дијагнозата дека стариот добар Плејбој се наоѓа во долгогодишна агонија.
А не дека не ја барале, и тоа одамна, само што Ријана ја одбила понудата да се фотка за нив. А многумина се понадеваа дека "магазинот кој се чита со една рака" повторно е во игра кога таблоидниот ТМЗ објави папарацо фотографии од снимањето од кои можеше да се добие впечаток дека се работи за сесија на Плејбој - еден асистент на снимање бил во Плејбој маица а и таа по фотографирањето се наметнала во Плејбој дукс.
Но, Плејбој веќе не е секси и во него себеси можат да се видат ликови како Линдзи Лохан но не и мега ѕвезди како Ријана.
Позирање на Ријана за Плејбој ќе беше чисто хуманитарен гест. Во ера на лесно достапна порнографија и домашни секс видеа на познати, Плејбој ја изгуби моќната алатка да шокира, а од друга страна, не успева да се наметне да биде "класа" кој ќе царува со суптилната сексуалност.
Пред неколку години Ријана сама објасни во кој случај би се сликала гола:
Не ме интересираат пари и не би барала ништо за тоа. Ако некогаш се соблечам, тоа мора да биде изведено врвно и со стил.
Затоа, Луи:
Инаку, во 2011-та Плејбој отпушти 75 проценти од вработените. На стариот Хефнер јасно му е што се случува:
"Порано магазинот го буткаше брендот. Денес брендот го одржува магазинот," вели денес 88 годишниот основач на легендарниот магазин.
Единствената позитивна приходна стапка во некогашниот гигант денес е продавањето на лиценци за користење на логото - од енергетски пијачки до колонски води. Единствено во тој дел Плејбој бележи раст: во 2009-та од паушали за лиценци (не ги занима процент од приходот) земале 37 милиони долари, а лани речиси двојно - 62 милиони.
Другото - голо.