Стилот „скапа бринета“ останува во сезоната што помина, а медиумите сега мислат дека имаме намера на секои два месеци да се фарбаме, затоа што имаат нов тренд што бара екстремна промена ако сте решиле да одите на кафеаво зимоска.
Ова е ултра руса коса, појачана со бјути-носталгија и како извадена од ’90-те и од главата на Памела Андерсон - од таму и името. Има потопли тонови, па имаме промена од ледените, пепелави руси нијанси што доминираа последниве неколку години. Гламур вели дека е „светла, забавна и секси - баш промената што ни требаше.“
„Ова е оддавање почит на ’90-те, а се постигнува со многу осветлување и не се тонира за да се добие тој, малку сиров, бланширан изглед,“ вели еден фарбач на славни, Том Смит. „Благодарение на современата нега на коса, бојата се постигнува, а косата не мора да страда, напротив - може да се одржува тип-топ, што е важно ако сакаме ова да личи на намерен моден избор.“
Експериментираа Били Ајлиш и Селена Гомез лани, а Хилари Даф, Кирнан Шипка и Никола Пелц си ја направија нијансата сопствен потпис.
Ако ви се појачува таа ’90 енергија, пробајте и „Пами пунџа“ - тоа разлетаното, а сепак собрано, што моментално е вирален хит на ТикТок. Хаосот што се прави на глава во таа ситуација е совршен за прикривање на коса „што треба да се мие“, плус - греота е да не се искористи бојата.