Според еден фризер на славните, Морган Паркс, она што го гледаме периодов е помалку трендови за фарбање, а повеќе еволуција на она што се случи како резултат на локдауните, кога луѓето престанаа да одат на фризер.
„Со карантинот, сите добија можност да научат да си ја сакаат природната боја,“ вели Паркс. „Прво беше една голема транзиција, но за многумина ова баш отвори очи на најдобар можен начин.“
За некои беше природен тек на настаните, но бидејќи е тренд, има и такви што вештачки се враќаат кон природното. Најново - Софија Ричи објави селфи со „назад на корените“, со кафеава коса, без шатирано. Блејк Лајвли исто така се појави како „подникната“ русокоса, што магично стана потемна под силно светло.
Друга селебрити-фризерка, Трејси Канингем вели дека оставањето корен како тренд може да е општа промена кон нова естетика на „незамарање со коса“.
„Косата е речиси секогаш потемна кај коренот и посветла на краевите, па овој тренд е лесен за одржување,“ објаснува таа. „Што е поважно, ако постепено пуштите косата да ви потемнува, нема никаков шок - прамените избледуваат надолу додека не стигнат до врвовите. Ако гледате на ова како инвестиција, следната година може веќе да имате нова, неизмалтретирана коса.“