Во говор пред студенти од Универзитетот Станфорд, Ерик Шмит објаснува дека со интервјуто за Плејбој од 2004-та двајцата за малку ќе го спречеле излегувањето на Гугл на берза.
Одговарајќи на прашањето како му се развивал односот со Лари и со Сергеј, Шмит објаснува:
"Јасно ми беше дека ова е компанија на Лари и Сергеј, и така и се однесував. На пример, никогаш не контактирав со медиумите. Пред излегувањето на берза, Лари и Сергеј имаа интервју за Плејбој. Излезе дека интервјуто е во погрешно време, во периодот на молчење, и тоа го загрози излегувањето на берза. Од тогаш, тие никогаш немаа дадено интервју. Тоа беше пред 12 години.
Кога сакаа да даваат интервјуа, даваа. Кога еднаш одлучија дека нема да го прават тоа, јас почнав да давам. Нивна е компанијата."
Интервјуто на двајцата основачи доаѓа во погрешно време бидејќи во него се открива дека состојбата во Гугл е променета во однос на информациите што тие ги имаат поднесено во документите за излегување на берза.
На пример во интервјуто двајцата изјавуваат дека имаат 1.000 вработени, додека во документите тие имаат наведено дека се на над 2.000. Или дека Гмаил сервисот повеќе нема значителна предност во просторот што им го дава на своите корисници, во споредба со конкурентите.