„Женската публика лудува по Конте? Искрено, тешко ми е да разберам зошто е така“, се пошегувал Масимилјано Алегри во пролетта 2017-та кога Јувентус газеше кон шестото скудето по ред и второ финале во Лига на шампиони за три години.
Тренерот на Јуве и тогаш се соочуваше со критики од навивачите, но тој секогаш наоѓаше реторички прашања со цел да објасни некои работи.
„Знаете, многу дечки кои се оставени од девојките, после исто оставаат други“, рекол Алегри.
Но него никогаш не го оставале клубовите, тој секогаш прв заминувал. Алегри, кој важи за еден од најголемите италијански плејбоји во спортот, веќе неколку години носи прстен на левата рака, но новинарите немаат доверба кон него. А како би имале кога се работи за човек кој откажал свадба на два дена пред церемонијата?
ЕРИКА
Во јуни 1992 година во реномираниот Corriere della Sera излегол статија со наслов: „Во зона Чезарини: фудбалер избегал од олтар во последен момент“.
Зона Чезарини во Италија ги нарекуваат последните минути од мечот, затоа што во '30-те години фудбалерот на Јувентус Ренато Чезарини постигнал неколку важни голови пред самата судиска свирка и поради него овој термин.
Херој на текстот бил 24-годишниот фудбалер од среден ред на Пескара, Масимилијано Алегри. Тој се оставил со својата несудена невеста пред самата свадба.
Се запознале во Ливорно, кога Макс имал 17 години: „Совршено добро памтам како беше. Барот Baracchina Bianca, ноќна дискотека. Дојдов со другарите и ја здогледав во друштво со другарки. Таа беше моја прва љубов“, се сеќава Алегри.
После седум години тој се решил на животен потег, и предложил брак, но брзо се предомислил:
„Ние веќе закажавме се. Црква, матично, церемонија, прослава, музика. Моите родители многу ја сакаа Ерика, тие гледаа како растевме заедно. Но со тек на време некако чувствата се изгубија. Еднаш се возевме во лифт, ми беше многу незгодно, но собрав сили да и кажам дека ја откажувам свадбата. Таа не се додржа на нозе. Многу плачеше, но со времето сфативме дека си ги упропастувавме животите“.
Во 2015 година во интервју за La Repubblica, Алегри одново раскажал за односот со Ерика:
„Дали страстната љубов трае, уште не сум сигурен до крај. За мене таа не е подолга од три години. Тогаш сам одлучив затоа што патев со месеци, страдав. Буквално нстоев пред триметарска карпа. Во таква ситуација има две варијанти: Може да пробаш да скокнеш преку неа и да ги скршиш нозете. Или просто да ја заобиколиш и да тргнеш од друга страна. Јас ја избрав втората варијанта. Јас исчезнав“.
ВАНИЛА
Масимилијано Алегри исчезнал и по некое време се сретнал со 18-годишната Ванила Пасарело која почнувала кариера водителка на телевизиско спортско шоу. Се запознале во февруари, на неколку месеци пред неодржаната свадба на актуелниот тренер на Јувентус.
„Јас немав појма ни дека е фудбалер. Беше пријатен дечко и кажа дека ќе се жени. Се дружевме неколку месеци. Во јуни му беше свадбата, а јас отидов на одмор на Сардинија со другарки. И разбрав дека Масимилијано ја откажал свадбата. Кога се вратив, не бараше ништо, едноставно го доби тоа што го сакаше“, раскажала Ванила во интервју за Il Centro.
Набрзо фотографии со Ванила и Алегри на јахта на отворено море, се појавиле во весниците во Пескара. На Ванила и завидувале локалните девојки каде излегувале фудбалерите на Пескара.
„Бевме заедно пет години. Се преселив со него во Каљари, но во Пескара се вратив сама. Макс ме напушти. Јас за ништо не жалам. До ден денес зборуваме. Како што вика другар ми Енрико, ако Алегри беше коњ, немаше никој да може да го обузда“.
ГЛОРИЈА
Иако претходната љубов тврдела дека се запознала со Алегри во 1992 година и биле заедно 5 години, во 1994-та Масимилијано на Сардинија се оженил со Глорија Џој со која после три години добил ќерка Валентина.
Во 1998-ма Макс и Глорија се развеле.
Џоја не е јавна личност која има Инстаграм и Фејсбук профили во денешно време. Но нивната ќерка Валентина станала ѕвезда на социјалните мрежи. Ќерката на Алегри има преку 380.000 следбеници на Инстаграм.
Таа вели дека разводот на родителите не го доживеала тешко.
„На 16 години отидов да живеам со тато, сакав да го запознаам подобро. Имавме се и убаво живееме. Тој секогаш во 23 часот ме враќаше дома. Масимилијано е многу добар татко“, рекла ќерка му Валентина.
Подоцна како тренер на Сасуоло и Каљари од 2003-та до 2011-та година, Алегри бил во врска со Клаудија Уго за кого медиумите не пишувале ништо.
„Со неа бевме заедно осум години, кога јас ги тренирав Сасуоло и Каљари и мојот приватен живот не беше толку интересен за јавноста“, рекол Алегри.
Но во 2011 година Клаудија и Алегри го добиле синчето Џорџо, иако не живееле заедно.
„Кризата во нашиот однос почна за време на нејзината бременост. Мојата совест е чиста. Јас сум луд, но не сум измамник“, раскажал Алегри во една пригода.
Во 2014-та година тие се смириле и одново почнале да живеат заедно. На првата роденденска вечера како тренер на Јувентус тој дошол со неа. „Клаудија ме поддржуваше, многу претрпе со мојата кариера. Ги затвораше очите пред сите мои глупости. Многу сум и должен“, рекол Масимилијано.
Од тогаш наваму, нивниот син живее во два дома.
Минатата недела вечерта тој бил со татко му кој после победата над Милан им признал на новинарите дека нема да го гледа мечот Наполи - Џенова од кој зависи дали Јувентус ќе стане и официјално шампион, туку ќе си игра со син му.
ГЛОРИЈА
Во 2012 година Алегри го поврзувале со 18-години помладата Глорија Патрици која во 2009-та година била повикана за насловната страна на Playboy.
„Се запознавме на ручек со пријатели. Симпатична девојка. Дали се гледаме? Не, не, но никогаш не вели никогаш“, рекол Масимилијано во интервју за Vanity Fair во пролетта 2012.
Нивниот однос се развил и тие се гледале до есента 2014. Алегри се запознал дури и со родителите на Глорија. Откако Алегри замина од Милан кој го водеше неколку сезони, таа заедно со него се преселила во Торино но после извесно време веќе не се гледале заедно.
Ниту Глорија ниту Масимилијано не ја коментирале разделбата, иако медиумите пишувале дека голем удел во разделбата имале навивачите на Јувентус. Имено, на стартот на дебитантската сезона во Јуве, Corriere della Sera нашла некој стар твит на неговата партнерка во која таа го нарекува Јувентус срам и брука на Италија.Тифозите реагирале бурно, па Глорија морала да го деактивира Твитер.
АМБРА
Првите фотографии на Алегри со 40-годишната Амбра Анџолини, водителка, актерка и позната пеачка во Италија, се појавиле во магазинот Chi во јули 2017 година, после поразот на Јувентус во финалето на Лига на шампиони во Кардиф.
Во 2015 година таа се развела од пеачот Франческо Ренгој со кого била заедно 11 години и има две деца. Со Масимилијано се запознале на премиерата на филм „Јас ќе ви ја кажам вистината за љубовта“ во Торино.
„Тој (Макс) внесе живот во мене. Ме врати меѓу живите. Немам зборови да опишам колку е добар и нежен. Не сакав никаква приказна, но тој се појави во прав момент кога ми требаше поддршка. Знам дека и да замине некогаш, пак ќе се врати“, рекла Амбра.
Ќерката на Алегри, Валентина е во добар однос со Амбра и потврдува дека татко и е среќен и вљубен. „Со Амбра сме ептен блиски и таа не се обидува да ми биде втора мајка. Многу е строга со мене“. Во меѓувреме новинарите забележале веренички прстен на раката на Алегри и го прашале дали наскоро ќе прави свадба, но тој не потврдил. Најверојатно ќе се жени, по којзнае кој пат, летово.
Масимилијано Алегри во моментов има 51 година и со Јувентус е на прагот на ново полуфинале од Лига на шампиони и шампионска титула во Италија.