Првото неголо издание на Плејбој

Минатиот октомври Плејбој објави дека по 62 години печатење, од годинава повеќе нема да објавува голотија. Дојде новата година, и луѓето стварно си стојат на збор.

Темата на првиот Плејбој без голотија е Снапчат, што само се надоврзува на нивната мотивација околу укинување на голите сликите, приближување и привлекување на младата публика. Околу 45% од корисниците на Снапчат се меѓу 18 и 24 години. На насловната е моделот Сара Мекданиел, девојка која минатиот октомври се стекна со слава, откако нејзиниот Инстаграм профил беше промовиран од повеќе сајтови "за машка публика".

 

 

A photo posted by Sarah Rose Mcdaniel (@krotchy) on

 

Њујорк Тајмс кои добија предвремена копија од изданието за март 2016, забележуваат дека и покрај промената што ја воведува Плејбој, во списанието и понатаму има голи жени кои се фотографирани на начин што стратешки ги крие експлицитните делови. Нивната оценка е дека сликите изгледаат поприродно, дека нема многу Фотошоп во нив и осветлувањето внимателно е поставено, за крајниот резултат да изгледа повеќе ноншалантен отколку позирање.

Магазинот задржува и дел од досегашните новинарски обележја, како интервјуата (овој пат со Рејчел Медоу), и есеј од норвешкиот писател Карл Уве Кнаусгорд.

На страна магазинот, Плејбој одлучи голотијата да ја тргне и од својата веб-страна. Според нивни бројки по ова сообраќајот им е зголемен за 400%.

Дри Хемингвеј (да, внука му) е Плејбој зајачицата за мартовскиот број

4 февруари 2016 - 15:06