Стив Џобс (29 години) - февруари 1985-та
"Често пати истото се случува со секоја револуционерна работа. Луѓето остануваат заглавени како што стареат. Нашиот мозок е еден вид електро-хемиски компјутер. Нашите мисли поставуваат шаблони како скелиња во нашиот мозок. Ти во основа гравираш хемиски шаблони. Во најголем дел од случаите, луѓето остануваат заглавени во овие шаблони, исто како и каналите на музичките плочи, и никогаш не излегуваш од нив. Ретко кога човек прави канали кои се поинакви од одреден начин на гледање на работите, и одреден начин на преиспитување на работите. Ретко кога гледаш уметник во неговите 30-ти или 40-ти години кој може навистина да придонесе кон нешто неверојатно. Секако, има некои луѓе кои се вродено љубопитни, засекогаш мали деца, ама тие се ретки."
"Американското гледиште е дека се мора постојано да расте: продуктивност, профити, па дури и комедија. Нема време за осврт. Нема време да се собереш пред уште едно проширување. Нема време за созревање. Нема време за да заебеш. Нема време за да научиш од своите грешки. Ама ваквата пракса е против природата, која е циклична."
Фармерот од Мичиген што заработи 4 милиони долари шверцувајќи Пез играчки во САД - март 2015-та.
"Во основа, Пез нареди негов економски атентат," изјави колега дилер на Пез.
Дејвид Финчер - септември 2014-та
"На одредено ниво за мене беше навредливо што откако излезе Пила и сите тие такви филмови, луѓето рекоа - па, 'torture porn' правецот всушност започна со Седум. Кој ве ебе. Има доволно манијачки работи во Седум да не мора да застанувам на пиедестал за да ја бранам неговата уметничка разумност."
Борбата на Стивен Сегал за мајка Русија - септември 2014-та
Акционата ѕвезда во години добива втор наплив на слава во странство: политичко маневрирање, многу оружје и, најважно, пазар за неговите филмови од Б класа.
Робин Вилијамс - јануари 1992-ра
"Ако преземеш ризик, некогаш ќе најдеш нешто толку величествено што вреди да се умре за него, а некогаш нема ништо да најдеш и ќе имаш ужасна вечер."
Профил на Џони Кеш од средината на неговата кариера.
Мажот во бомбашко одело - септември 2005-та
Приказната која го инспирира "Hurt Locker" раскажана од базата на анти-бомбашкиот одред на САД во Багдат.
За славата, правењето пари и агностицизмот.
Мартин Лутер Кинг помладиот - јануари 1965-та
Кратко по добивањето на Нобеловата награда за мир, Кинг седнува да го даде најдолгото интервју во неговиот живот.
Комичарот кој претходно одбива да разговара за својот приватен живот за прв пат се отвора пред новинарите, возбуден од изненадувачкиот успех на Жешки седла по речиси 30 годишна кариера.
Владимир Набоков - јануари 1964-та
Авторот на Лолита, за неговите работни навики, и што очекува од неговиот литературен задгробен живот.
Џин Сискел и Роџер Еберт - јануари 1991-ва
"Еберт: Некогаш стварно не се поднесуваме еден со друг.
Сискел: А некогаш не."
Разговор со 29-годишниот кошаркар кој се приближува кон својот врв.
"Ако цел живот бев скроз одличен ученик и рапував за тоа како Исус ќе се врати за да не' спаси сите нас, немаше да добијам воопшто медиумско внимание. На копилињата немаше да им биде гајле за мене. Ама, затоа што ја кажувам вистината, и затоа што го имам минато тоа што го кажувам и знам што зборам, јас сум им закана."
Стивен Колбер - октомври 2012-та
Разговор со човекот Стивен Колбер.
Распарчен гениј - јули 2012-та
Обид на новинарот на Плејбој да го интервјуира Григориј Перелман, самотникот гениј математичар
Кралот на Космосот - јануари 2012-та
Профил на астрофизичарот Нил Тајсон.
целиот список на Лонгформ
Дополна на списокот:
- Мајлс Дејвис - септември 1962-ра тука
- Џон Ленон и Јоко Оно - јануари 1981-ва тука
- Фидел Кастро - јануари 1967-та тука