За да не се навреди високиот гостин од конзервативниот Иран и да не се доведе во шејтански искушенија, Италија реши да ги покри античките и обично голи споменици со кои ќе се размине.
А кој им е крив кога смислиле неговата средба со италијанскиот премиер да ја лоцираат кај римската група музеи, што од логистичка точка е покомплицирано отколку да се сретнале во месара, во одделот за свински пафлак.
А кога веќе покриваат, се решиле на комплетно барикадирање (види подолу), што можеби не е лошо за размислување и за оној наш разгаќен (поточно загаќен) Прометеј.
Опозицијата веднаш се побуни, сметајќи дека ваквиот потег ја надминува потребната доза љубезност и гостопримство а со тоа се гази и врз секуларноста на италијанската држава.
"Единствениот кој треба да се покрие е премиерот Матео Ренци а не нашите класични споменици," прокоментираа од италијанската левица.
Подоцна Рухани се сретна и до Папата ама неговата одора ги задоволува високите пуритански стандарди на Иранецот. Се разбира, во текот на целата посета било забрането да се служи алкохол.
Вака ревносно почитување на иранските протоколарни тертипи пред некое време покажа претседателката на српскиот парламент Маја Гојковиќ која за посетата на Иран малку ја претера со облекување па наиде на заслужен ремет од домашната јавност.