Во отворено писмо до Гардијан, две британски феминистички организации најавија дека веќе нема да ги трпат магазините со голи или полуголи девојки на насловните страници.
Жените од UK Feminista и Object мислеле, мислеле и дошле до заклучок дека ваквите публикации претставуваат облик на сексуално малтретирање и дискриминација.
И не само тоа. Тие ги изложуваат вработените во трафиките а понекогаш и корисниците на ситуации кои се во спротивност со правните прописи за родова рамноправност. Последново тврдење (кое искрено не го разбираме а во оригинал гласи: "retailers are exposing staff and, in some cases, customers to publications whose handling and display may breach equality legislation"), го темелат на британскиот прописот 2010 чија првенствена намена е да го регулира правото на рамноправен пристап кон вработувањето.
Истовремено, трафикантите се предупредуваат дека ако продолжат со изложувањето разголени насловни ќе бидат предмет на тужби.
Во пропратната петиција тие јасно дааат до знаење дека сакаат ваквите публикации едноставно да ги снема. Не да бидат преместени на горни полици за да не ги гледаат деца, не експлицитната голотија да биде покриена (што веќе го прават некои дистрибутери) туку едноставно - да ги нема. Разумните посматрачи потсетуваат дека едно е да зборуваш за сексизмот на овие магазини а сосема друго да бараш нивна ликвидација
Притоа, британските феминистки тврдат тврдат дека ваквите магазини ја користат жената како сексуален објект и создаваат клима за насилство врз жената, тврдење што во крајна линија ги доближува до најтврдокорните верски пуританци кои отсекогаш уверувале дека порнографијата раѓа насилно однесување, теза која досега нема ниту една емиприска верификација иако за тоа се правени бројни истражувања.
"Нема сомнение дека овие магазини не се некоја важна литература, но на светов му треба и неважна литература", заклучува кoлумнистка на Салон.