Дури и најголемите ентузијасти во поглед на користа од хашкиот трибунал и правдата која тој требаше да ја задоволи по масакрите во поранешена Југославија не можат да објаснат зошто Војислав Шешељ без пресуда беше држен толку долго зад решетки. По 12 години ниту Шешељ е ист, ниту Србија е иста. "Ништо не е исто, освен хашкиот срам", пишува воведничар на "Политика".