Кога излезе 25 во 2015, сруши рекорди, па сега има нови шпекулации како за промена на светот: дали ќе биде за разводот на Адел, дали ќе биде drum’n’bass, дали ќе биде инспириран од регетон… Искрено, никој нема поима, ама сите ги интересира.
Деновиве, сите канали на Адел на социјалните мрежи добија ребренд со сино, а фотографиите од ерата на 25 се заменети со нов изглед.
Позадината многу личи на неколку мистериозни билборди и проекции забележани низ светот минатиот викенд, секој со бројка 30, па природно е да се претпостави дека и тоа е за Адел. Билбордите ги имаше во САД, Велика Британија, Австралија, Малезија, Русија, Бразил и Мексико, и уште десетици локации. Од еден фан-профил на Адел додаваат уште докази: твитови од различни извори дека проекторите ги изнајмува Сони, или се проектира на згради што Сони ги поседува.
Се појавуваат и претпоставки дека албумот ќе излезе пред Божиќ, поточно 19 ноември, заради тоа што Тејлор Свифт смени нејзина важна дата за недела дена пред тоа. Поточно, високи се очекувањата Свифт да стигне до прво место на топ листа, со оглед на посветеноста на нејзините фанови, но кој друг е толку голем за да ја симне од таму? Во овој момент, изгледа како само Адел да може да заврши работа.
Самата Адел главно не коментира за работата на новиот албум, освен кога водеше СНЛ на крајот од претходната година, кога призна дека не настапува, затоа што албумот не е готов.
Сега изгледа се ближи времето кога Адел ќе се врати на сцена.