Ле Гвин и композиторот и електронски музичар Тод Бартон го замислиле aлбумот како придружба на книгата од 1985, „Секогаш враќајќи се дома“. Тоа според познавачите на опусот на оваа авторка е едно од најфасцинантните, но истовремено и најпотценети нејзини дела: истражување на фиктивниот народ Кеш, кој живее стотици години во иднината во северна Калифорнија.
Комбинација на роман, белешки и замислена антрополошка студија, книгата е полна со мапи, приказни, песни, рецепти, поезија и прирачници за учење јазик. Илустрациите пак се на Маргарет Чодос-Ирвин, а првите изданија се продаваа со касета која ја содржеше музиката од албумот. И тоа не (само) како дополнување, туку како суштински придружник на книгата.
Во неа пак има бројни музички референци, како и некои сосема измислени инструменти. Некои од нив Бартон ги конструирал и ги свирел на албумот, на пример хорна наречена хоумбута и флејта од коска наречена веосаи медуд тејахи. Музиката одлично легнува со поезијата на народот Кеш, измислена и изговорена од Ле Гвин на самиот албум. Неговиот амбиент е споредуван со албумите на Дед кен денс и оние на Кокто Твинс. Сега е и покана за навраќање на „Секогаш враќајки се дома“, книга која делува магично и сега, како и пред три децении.
Претходно: Почина дамата на научната фантастика