Со излегувањето на првите плочи со 78 вртежи на 1900-те, 10 инчните плочи обично собирале по 3 минути звук од секоја страна. Поретко, но сепак имало и 12-инчни 78-ки, кои собирале по 4 до 5 минути.
Заради ова ограничување целата музика што тогаш се снимала била ограничена на 3-минутно траење. Музиката која не можела да ја собере на една, пример класична музика, продолжувала на втора, трета и.тн. плоча.
Ваквиот тренд отвора сосема нов бизнис, па производителите на албуми за фотографии почнуваат да ги модификуваат своите фото-албуми, за да можат да соберат 10-инчни плочи.
До 1910, повеќе празни „џебови“ споени заедно и укоричени со хартиена или кожна корица, нешто слично како фото-албум, почнале да им се продаваат на корисниците како албуми во кои можат да ги чуваат своите плочи. Албумите ги имало и за 10 и за 12 инчната верзија.
Во 1930-те, музичките продукции почнале да издаваат колекции од плочи со песните на еден музичар или еден тип на музика во посебно направени албуми за плочи, кои вообичаено имале некаква графика на предната страна, и нотите на задната страна или внатрешната корица.
Најголемиот дел од колекциите содржеле по три до четири плочи, што значи имале место за шест до осум нумери по албум.
Како што минува времето, папките со плочи се укинуваат и исчезнуваат бидејќи самите плочи почнуваат да собираат повеќе песни, меѓутоа терминот албум останува во употреба и ден-денес кога најголемиот дел од музиката е дигитална без никаков физички запис.