Агентите со ВИ се развиени до степен да извршуваат секакви програмерски задачи, од основни, до сложени. Еден од најпопуларните начини на кои реално се користат на работните позиции е да генерираат „планини“ од кодови, со темпо што е недостижно и за најискусни професионалци.
Сепак, инженерите што ги управуваат ботовите работат со повеќе агенти истовремено на различни задачи, кои често пати се поклопуваат и не придонесуваат за да се заврши задачата. На извршувањето на овие задачи се трошат „токени“, кои имаат реална вредност и ја креваат сметката.
Речиси 100% од кодовите на Anthropic веќе се генерирани од вештачка интелигенција, изјави неодамна Борис Черни, шеф на програмерското одделение што стои зад ботот Клод.
Во развојните одделенија на Google и Microsoft е достигнато ниво од 25%. Инженерите трпат притисок од сопствениците да користат ВИ уште помасовно. Тоа отвора поле за натпревар на инженерите, кои ги мерат постигнувањата преку токени.
Инженерите во Убер, на пример, во првите четири месеци веќе го пробиле буџетот за користење ВИ за целата 2026 година.
На Клод веројатно трошам повеќе отколку што ми е платата, изјави Макс Линдер, софтверски инженер во Стокхолм.
Извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, во март предложи на софтверските инженери да им се дадат на располагање токени во вредност од една половина од нивната основна плата.
Сето ова, од друга страна, им носи профит на производителите на агентите со ВИ. Според „Гартнер“, се очекува светските ИТ трошоци да достигнат 6.310 милијарди долари во 2026 година, што е зголемување од 13,5% од лани.