Премиерата на „Гоустин“ ќе се случи на 3 октомври на Јутјуб, следниот ден ќе излезе дигиталната верзија, а на винил и на ЦД ќе пристигне на 8 ноември. На 3 откомври се закажани и специјални слушачки настани, а целосниот список на местата каде човек може да се придружи (најблиску до нас е веројатно Милано) тука.
Изворот на информацијата е официјалниот сајт на Кејв, односно одговор на прашање на фан кога може да се очекува нов албум. Кој знае колку се изненадил човекот кога сфатил дека нема да мора да чека долго. А Ник ја постирал и во најмала рака необичната корица.
Албумот всушност се состои од два дела. Првиот има осум, вториот две долги песни, поврзани со говорен дел. Песните од првиот дел се децата, а од втoриот нивните родители. „Гоустин“ е всушност дух кој се сели од едните во другите. Ова се насловите:
Part One
1. The Spinning Song
2. Bright Horses
3. Waiting For You
4. Night Raid
5. Sun Forest
6. Galleon Ship
7. Ghosteen Speaks
8. Leviathan
Part Two
1. Ghosteen
2. Fireflies
3. Hollywood