Албумот Angel's Breath, последниот на Милан Младеновиќ, е работен пролетта 1994 во продукција на Митар Суботиќ Суба, кој уште во 1994 се преселил во Сао Паоло во Бразил. Тие двајца соработувале уште од средината на осумдесетите кога ја снимиле обработката на „Секс машин“ од Џејмс Браун, а подоцна Младеновиќ гостуваше и на албумот на Суботиќ, Dissillusioned, снимен 1987. За Суба подетално пишувавме претходно тука.
На заедничкиот албум Милан ги пее сите песни, свири гитара, усна хармоника и труба, додека Суботиќ бил задолжен за клавијатури. Им се придружуваат и двајца бразилски колеги на удиралки и втора гитара. Песната „Црв“ Младеновиќ ја потпишува со Маја Маричиќ, својата тогашна девојка.
Тој умира во ноември 1994 и не го дочекува излегувањето на албумот. Суботиќ пак исто така умира во пожар во сопственото студио, ноември 1999.
Реизданието на албумот го иницирала Фондацијата Милан Младеновиќ, која доделува и годишна награда во износ од 2000 евра а право да конкурираат имаат автори од сите бивши југословенски републики. Конкурсот во моментов е отворен, а услов е делата кои конкурираат да се објавени меѓу 30.6.2019 и 30.6.2020.
Спотот за „Црв“, осмислен од Милан кој заедно со босанскиот режисер Алеш Курт собрал документарен материјал, поврзан со гранатирањето на сараевскиот пазар од 5 февруари 1994 каде погинале 68 луѓе, кој бил директна инспирација за песната.
„Вие слепи, вие глуви, вие себични луѓе/што правите врева без ред и смисла/без зошто и затоа, за кого и како...“.