Во изминатите 27 години, вкупната биомаса на летечки инсекти во Германија опаднала за цели 76%. Ако се зема предвид само летниот период, бројката е уште поголема, 82%.
Ваквите драматични резултати од студијата го фрапира научниот свет особено што доаѓаат истовремено со друга студија според која за само 12 години, Германија изгубила и 15 проценти од вкупниот птичји фонд. Тоа се 25 милиони птици кои едноставно исчезнале во последниве дузина години од таа земја.
Изумирањето на пчелите и пеперутките се добро документиран феномен во различни делови од светот но ова е прва студија која открива дека проблемот е далеку посериозен и пораширен.
Пестициди, климатски промени, модерно земјоделство, загаденост, се дел од факторите кои се наведуваат како можни причини за ваквата појава но научниците сè уште не се ни приближно до откривање на механизмот кој доведува до вака поразителни резултати.
Само во поглед на запрашувањето и само во поглед на финансиските аспекти, бубачките изведуваат дејност која (кога луѓето би успеале да стигнат) годишно би чинела 177 милијарди долари.