Таг: инсекти

Швајцарија, одвратно

Во Швајцарија преку училиштата се работи на кампања за убедување на децата да јадат помалку чоколадо, а повеќе инсекти или барем производи од инсекти, пример крекери од скакулци.

Викторијанската мода на накит од живи инсекти

Некои откачени модни трендови одамна поминале, а не сме ни биле свесни за нив. Во англискиот 19 век владеела вистинска орнитолошка и ентомолошка треска - носење накит од птици, живи инсекти или од низа нивни мртви трупови.

Рецепти за детски оброк од Анџелина Џоли

Земаш тарантула, ја чистиш и ја ставаш во тавче да се пржи. Па после истото го правиш на пример и со шкорпии или други пајаци. И сериозна е за ова.

Зошто инсектите се почувствителни отколку што изгледаат?

Тоа дека една лебарка или винска мушичка би можела да има чувства, дури и за басна звучи претерано. Но како што се трупаат докази за истото, изгледа ќе треба да се преиспита нашиот емоционално потценувачки став кон овие суштества.

Малку поинакви „левичари“ и „десничари“

Инсектите кои на англиски се познати како „ирвигс“ (уволази) од семејството дермаптери, или инсекти со кожести крила, препознатливи по парот закривени „клешти“, се предмет на истражување на јапонски научник, кој се фокусира на нивните сексуални ритуали. Мажјаците имаат два пениса, но некои од нив го користат само левиот а други само десниот, е неговиот заклучок по две децении набљудувања и снимања на сиротите инсекти. 

Што се случува кога научниците стануваат алергични на своето истражување?

Долгорочната изложеност на предметот на нивниот интерес често резултира со тоа што научниците стануваат алергични - на пример на змии, глувци и инсекти.

Инсектите умираат, гнидите никад бољи

Една сериозна повеќе децениска студија открива фрапантно и потенцијално катастрофално изумирање на инсектите. Се разбира, ако не се смени работата, наскоро ќе пишуваме исто за птиците. Само гнидите меѓу луѓето се сигурни на оваа планета.

Што е со летечките мравки на Вимблдон

Како ретко кога, наместо класичните проблеми со редовниот дожд, организаторите на најпознатиот тениски турнир на светот сега мака мачат со рој мушички кои им сметаат на играчите и гледачите.

Концерт за бубачки и саксофон

Цикадите се вид инсекти на кои им требаат 17 години да минат од ларва до бубачка. Во САД оваа година се подготвија за наезда на овие прилично иритирачки суштества, кои се множат во милијарди. Но композиторот Дејвид Ротенберг решил нивната инвазија да ја искористи за - музика.

Бубачките можат да го решат светскиот глад, ако ни е до тоа

На светот има многу гладни луѓе. Во исто време на планетава на секој жив човек има по 40 тони инсекти. Еден нов документарец на БиБиСи мисли дека овие две работи треба да се поврзат.

Koга бубачките читаат

Некои од дамките среде текстот или илустрациите на средовековните книги не се само печатни грешки - тие се всушност фосилни остатоци од европските инсекти.

Данке Птичланд

Само благодарејќи на птиците, инсектите денес се нешто што можеш да затепаш со весник. Да не беа тие, гадовите ќе ни летаа околу глава со крилја од 60-70 сантиметри.