Изборот на деца на училишна возраст е затоа што експертите процениле дека за да се надмине „фуј факторот“ потребно е потрошувачите да се фатат додека се уште се во ларвеста фаза, кога вкусовите на консументите се уште се формираат.
Во име на производителите на инсекти работи асоцијацијата Швајцарски инсекти, која изминативе четири години ги обиколува швајцарските училишта држејќи предавања за користа од јадење инсекти на кои се презентираат и тестери од храната.
Упорното туркање на инсекти како храна за луѓе е дел од зелената агенда за спасување на планетата од загадување, бидејќи се добар извор на протеини и витамини, а нивното одгледување создава само дел од стакленичките гасови кои ги произведуваат говедата, свињите и останата стока. Плус, научниците претходно ги прогласија за безбедни за јадење, доколку се одгледувани во контролирана средина.
Најголемиот напор е инсектите да им се продадат на Европа и Северна Америка, како издржлива алтернатива на нивната исхрана, бидејќи истите веќе се дел од исхраната во Азија, Африка и Јужна Америка.
Четири години по Швајцарија и ЕУ одлучи да дозволи јадење бубачки, кои за сега се ограничени на само четири видови, додека во САД ненамерни траги од инсекти во храна се сметаат за „контаминирање“, но намерно консумирање инсекти е дозволено.
Проблемот што го имаат Швајцарците го кажуваат и париски производители на храна од инсекти според кои не е намерата пробувањето на нивната храна да биде еднократен предизвик како „сум скокал со падобран.“
Во создавањето на новата навика одмогнал и ковидот, главно затоа што потрошувачите не биле многу расположени да јадат бубачки дур седат дома во карантин.
Движењето за јадење инсекти на Западот добива залет пред една деценија кога ФАО објавува студија од 200 страници на кои се хвалоспеваат придобивките од истото. Од тогаш инвеститори истураат милијарди долари во бизнисот.