Што е со летечките мравки на Вимблдон

Како ретко кога, наместо класичните проблеми со редовниот дожд, организаторите на најпознатиот тениски турнир на светот сега мака мачат со рој мушички кои им сметаат на играчите и гледачите.

Вчера на натпреварите од втората рунда на Вимблдон се појави ’хорда’ летечки мравки кои беа толку многу што во телевизискиот пренос беа видливи во преден план. Мравките им досаѓаа на играчите и гледачите и генерално створија чудна атмосфера.

Инвазија на летечки мравки е вообичаена работа, а во Британија за ова има дури и посебен назив - „ден на летечките мравки“.

Секоја година во најтоплите денови овие инсекти ги напуштаат своите гнезда затоа што им е период на парење. Целта на овој процес им е да обезбедат мешање на гените меѓу различни претставници од видот. Тие се парат во лет после што се приземјуваат и почнуваат нова колонија. Во тој процес им отпаѓаат крилата така што подоцна може да се видат по земја на теренот каде одат во потрага по скришно место.

Ваквата репродуктивна „оргија“ вчера го нападна и Вимблдон. Обично летечките мравки се појавуваат на топло и влажно време - на крајот од јули и во август. Но во Лондон вчера имало 30+ степени Целзиусови така што инсектите подраниле.

Во целата приказна парадоксално овие мравки може да бидат и користи за Вимблдон затоа што ја збогатуваат почвата со кислород и ја зголемуваат нејзината плодност, а активно учествуваат и во борбата против паразитите. Можно е токму тоа да придонесува за уште подобриот изглед на тревникот на Вимблдон кој се гледа како светост.

Како на тоа реагираа играчите?

Сем Квереј кој загуби изјави: „Никогаш претходно не сум видел такво нешто. Рој мравки имаше цели 30-45 минути. Не знам што беше на крајот но по некое време исчезнаа. Кога сакав да го удирам топчето ми летаа во лице. Му кажав на судијата, но тој се смееше.“.

 

Жо-Вилфред Цонга: „Многу чудно. Се сретнав со такво нешто во САД кога игравме навечер. Големи бубачки летаа околу нас. Во Австралија исто постојат вакви инсекти. Но овде е поинаку затоа што се помали, но цел рој. Ми влегуваа во нос и во уши“.

 Енди Мареј: „Неколку пати денес пред мене прелетаа муви кога требаше да сервирам. Тоа се мравки? Не сум ни знаел дека постојат такви суштества“.