Бубачките можат да го решат светскиот глад, ако ни е до тоа

На светот има многу гладни луѓе. Во исто време на планетава на секој жив човек има по 40 тони инсекти. Еден нов документарец на БиБиСи мисли дека овие две работи треба да се поврзат.

Во документарниот филм на гастронаутот Стефан Гејтс, Can Eating Insects Save the World, се разгледува можноста да ги направиме бубачките дел од нашата секојдневна исхрана.

Освен количеството на инсекти кои постојат низ светот, Гејтс најавува дека дури и Организацијата за храна и земјоделие на О.Н. (FAO) доволно сериозно ја разгледува идејата што кон крајот на годината планира конгрес на оваа тема.

Во неговите пресметки, исхраната со инсекти е комплетно издржлива за природата, плус тие се лесни за одгледување без да и наштетат на околината а притоа може и да помогнат во нејзиното расчистување.

Инсектите се сериозно хранливи, па така на пример гасениците се подобар извор на протеини и железо отколку меленото говедско месо. Освен тоа постојат над 1.000 видови инсекти кои луѓето можат слободно да ги јадат.

18 март 2013 - 23:02