Пип - шоу на норвешки начин

Норвешката телевизиска мрежа која се специјализира за разни форми на тн "бавна телевизија" има нов, урнебесно досаден концепт. Воаерисување на животот на една пердувеста банда.

Нè освоија со директните преноси од плетење, а во меѓувреме имаа и 7 часовни сегменти од возење со воз.

Главни јунаци на моменталниот потфат им се неколку птици од различна сорта (имаат една лазачка, една сина сеница и сл), и со различен табиет заради драматургија: една е со краток фитил, друга има меморија на златна рипка, третата е ебиветар а четвртата склона кон депресија.

И ете 24 часовен стриминг на животот на оваа пердувеста дружина која ќе се сели во три различни куќички од кои првата е дизајнирана како еден познат тамошен паб.

Продуцентите пренесуваат дека е тоа програма полна со кавги за тривијални работи, безобразни кражби, тепачка и обиди за романса.

Досега највозбудливиот момент бил кога една верверичка им влезе и им ја упропасти журката.

Таа must seen сцена ја имате овде, а преносот во живо тука.

2 април 2014 - 10:22