Да пробаме да научиме нешто за птиците:
Дејвид Симан, омилениот голман на Артим Шаќири, со дрес во боите на разнобојниот лорикет (Trichoglossus moluccanus). Живее претежно во северен Квинсленд и Јужна Австралија
Мексиканецот Хорхе Кампос и кубански Тоди (Todus multicolor). Најчесто живее на кубанскиот брег.
Рене Игита и редовниот сколовранец. Позната птица и во нашите краишта.
Дејвид Џејмс од времето на Ливерпул носеше дрес во боите на златно-црвена вртларица (Ptilonorhynchidae). Ја има во Нова Гвинеја.
Оливер Кан и планинска сина птица (Sialia currucoides - Mountain bluebird)
Дмитриј Харин, голман на Челси пред ерата на Абрамович. Носеше дрес со боите на птицата американско трнарче (позната и како штиглица - American goldfinch). Оваа птица првпат ја открива професор по природни науки, Швеѓанецот Карл Линеј во 1758-ма година
Кевин Пресман, некогашниот голман на Шефилд Венздеј, Лидс, Лестер и Вест Бром на времето носеше дрес сличен на комбинацијата бои на птицата жолта еуфонија (позната и како зеба - Fringillidae) или еуфонија на Бонапарта во чест на роднина на Наполен кој бил орнитолог и го открил овој вид на птица
Сајмон Ројс, голман од пониските англиски лиги со дрес во боите на кралски папагал
Јан Вокер, легенда на Тотенхем со опашеста синавица (Coracias caudatus)
Петер Шмајхел, симбол на '90-те со дрес во боите на виолетов сколовранец (Cinnyricinclus leucogaster)
Нишката на професорот по орнитологија на Твитер собра преку 3.000 ретвитови и повеќе од 13.500 фејвови