На времето многу актуелно беше видеото на кое еден голман се радува и трча од среќа поради одбранет пенал ама топката на крај му завршува во гол па противниците последни се смеат. Епа исто се случило, во Читрал во Пакистан.
Бразилецот кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер на сите времиња, имал една не баш нормална навика, на голманите да им ја избива топката со нога од раце кога веќе ја фатиле и се апсолутни владетели во својот простор. На времето некои судии го санкционирале ова, некои не.
Во џунглата на Твитер еден професор по орнитологија на Њујоршкиот универзитет, Ден Балдасаре објави нишка во која ги споредуваше голманските дресови од '90-те години со интересни птици.
Нема апарат кој може да го измери задоволството на неутралните гледачи кога играч под морање облекува ракавици зошто голман е повреден или исклучен, а екипата нема веќе право на измени.
На 2 март меѓународниот совет на фудбалски асоцијации IFAB (организација која што се занимава со регулирање на правилата во фудбалот) се собрал во Абердин и утврдил неколку измени во правилата.
Додека еден од асистентите на Чеде Јаневски, Белгиецот Стефан Ван Дер Хејден делеше задачи за фудбалерите на Вардар, тренерот на голманите, Мане Манов диктираше строгост и бараше целосна дисциплина од голманите, како и брзо реагирање со топка како што може да се забележи на видеото.
На три кола пред крајот Бешикташ има два бода повеќе од Башакшехир и за очекување е да ја освои титулата во Турција. Бешикташ има примено само 29 гола сезонава, а како и да прими повеќе со вака тренирани голмани?
Кога Буфон, Харт, Навас, Де Хеа, Ноер, Хандановиќ и Браво ги имаме во едно видео тогаш јасно е што ќе се гледа. Иако оваа компилација немаше да биде толку атрактивна ако ги намаше лудачките интервенции и на другите за нас непознати голмани.
И покрај поразот на неговиот Бари од Новара 3:4 во Плејофот за пласман во Серија А, голманот Алесандро Мичаи покажа пантерски рефлекси и тоа во три наврати.
Кој вика дека голманите се статични? На три недели пред стартот на новата сезона во Серија А, погледнете ги овие исцрпувачки тренинзи на голманите на Интер кои треба да летаат за секоја топка.
Претходната сабота играа Рајо Ваљекано и Леванте, а мечот го добија домаќините 4:2. Сите четири голови за Рајо ги постигна напаѓачот Алберто Буено (26) и тоа за 15 минути, од 23-та до 38-ма. Мечот го одбележаа идентични грешки на двајцата голмани.
Очоа, Оспина, Навас, Ромеро и Жулио Цезар беа во центарот на вниманието на Мундијалот во Бразил со еден куп клучни паради, но од тогаш наваму се само бледа сенка во европскиот фудбал.
Голманите и одбраните на овие две екипи можат најмногу да се гордеат, затоа што тие се единствените во конкуренција на најсилните пет лиги во Европа без примен гол оваа сезона.