Нема ништо радикално, но промените би требало да ги знаете за да не се зачудите кога ќе гледате фудбал од следната сезона. А и интересни се:
1. Најзначајна промена е во дефинирање на случајот кога напаѓачот игра со рака во ситуација кога паѓа гол. Од сега веќа таа не мора да биде само намерна што значи дека се елиминира намерата како фактор при носење на одлуката, и се гледа само последицата.
Поедноставено: од следната сезона ситуацијата во која играч ќе даде гол со рака или со рака ќе влијае на акцијата кога паднал гол, дури и ако е ненамерно, ќе се свири за играње со рака и поништен гол.
Советот соопшти и дека ќе биде објавена детална дефиниција што подразбира играње со рака, посебно во ситуација кога после случајно играње со рака е свирнат пенал.
2. Исто така, фудбалерите во напад веќе нема да може да им сметаат на голманот и противниците со мешање во живиот ѕид додека се изведува слободен удар.
Според новото правило кое ќе стапи на сила од следната сезона, играчите на екипата која напаѓа и има слободен удар, ќе мора да бидат оддалечени најмалку еден метар од живиот ѕид на тимот кој се брани.
Ова решение е донесено со цел да се елиминира непотребното задржување време, гужви и непотребна тензија која се случува поради оваа ситуација.
3. Се изгласа и ново правило во врска со замените. Од сега, оној кој го напушта теренот и излегува од игра, ќе може тоа да го направи до најблиската граница од теренот каде што се наоѓа (на пример на скроз другиот крај од теренот кај аут линија или корнер знаменце, било каде).
Ова се прави за да се избегне непотребното задржување време кое често носи нервоза, гужви и тензија.
4. Има промена и со правилото на гол-аут. Од следната сезона па натаму топката нема да мора да го напушти шеснаесетникот за друг играч да смее да ја прифати. Контакт ќе може да има и во самиот шеснаесетник (ова им одговара на тимови како Сити на Гвардиола кои играат на кратки пасови и почнуваат од самиот почеток - не рогаат).
5. Исто се изгласало и правилото кога топка го погаѓа судијата, ќе се изведува судиско потфрлање (нема веќе судиите да им отвораат контра на противниците ако топката случајно се одбие од нив). Во моментов актуелно е правилото играта да не се прекинува, а од следната сезона ќе се прекине играта и судијата ќе потфрла топка која го погодила претходно.
6. Ново правило добија и голманите кои од новата сезона додека бранат пенал, ќе можат со едната нога на гол линијата (во моментов не смее ниту со една нога да ја гази линијата, туку мора да биде пред неа).
7. Жолти и црвени картони ќе добиваат и тренерите за неприлично однесување и друго нарушување на правилата на игра. Денес судиите тренерите кои прават проблеми ги праќаат на трибините само со гест со рацете и со зборови.