Ваквите ситуации се исклучително ретки во фудбалот и од таа причина и многу интересни. Некои играчи одлично се снајдоа во таа улога, а други подобро да не пробуваа.
ЏОН О'ШИ - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (2007)
Ирецот кој, ни крив ни должен долги години беше стандарден фудбалер кај Сер Алекс Фергусон, на 4. феврурари 2007-ма застана на голот наместо повредениот Едвин ван дер Сар.
ON THIS DAY: In 2007, John O'Shea went in goal for Man United vs. Spurs after an injury to Edwin van der Sar.
— Squawka Football (@Squawka) February 4, 2018
He didn't concede. 😉 pic.twitter.com/lGZBz59Koe
И тоа среде пеколниот „Вајт Харт Лејн“ против Тотенхем Хотспур. Јунајтед ги искористи сите три измени и на О'Ши му се падна да биде на голот. Манчестер славеше 4-0 а О'Ши дури и излезе како победник од ситуација еден на еден со Роби Кин:
ЏОН ТЕРИ - ЧЕЛСИ (2006)
Во прилично бизарен меч на Челси против Ридинг, и Петр Чех и резервниот Карло Кудичини се повредија а Челси имаше и двајца исклучени играчи.
Тогаш немаше трет резервен голман на клупата, па лудиот Џон Тери, секогаш спремен да стави глава кај што некој не става нога, реши да брани.
Тери ја сочува мрежата и Челси славеше 1-0.
КОЗМИН МОЦИ - ЛУДОГОРЕЦ (2014)
Подвигот што го направи Моци уште долго ќе се зборува.
Бугарскиот шампион Лудогорец никогаш претходно не играше во Лигата на шампионите. Ги чекаа квалификации против Стеауа Букурешт.
Во текот на мечот Бугарите само што израмнија и се изборија за продолженија, нивниот голман беше исклучен. Тогаш стоперот Козмин Моци презема одговорност и застана на голот.
Ај што 30 минути не прими гол во продолженијата, туку и стана херој во пенал серијата. Одбрани два пенала и го прати Лудогорец во групна фаза од Лига на шампиони за првпат во историјата. Буквално цел свет зборуваше за лудоријата на Моци.
Во негова чест, сопственикот на Лудогорец во 2015-та одлучи една од трибините на стадионот во Разград да се нарече по неговото име.
РОДРИГО ПАЛАСИО - ИНТЕР (2016)
Интер против Верона во Куп на Италија.
Првиот голман Лука Кастелаци се повреди откако тренерот Страмачони ги направи сите три измени. Да брани се понуди Кристијан Киву, ама на крај меѓу стативите застана Родриго Паласио, шпицот.
И бранеше одлично а Интер победи 2-0.
ХЕНРИ ЛЕНЗБУРИ - ВЕСТ ХЕМ (2012)
Вест Хем - Блекбул. Овие два тима се сретнаа во еден бараж за пласман во Премиер лига пред неколку години, но лигашкиот првенствен натпревар меѓу нив беше полуд.
„Чеканите“ водеа 2-1 но немаа право на измени за резервниот голман да влезе во игра, па ракавици облече Лензбури. На крај Вест Хем победи 4-1 а Лензбури не прими ниеден гол.
ФИЛ ЏАГИЕЛКА - ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД (2006)
Предводени од искусниот Нил Ворнок, фудбалерите на Шефилд водеа против Арсенал во дуел на „Давид и Голијат“.
При водство од 1-0, голманот Педи Кени ја повредил препоната и морал да излезе. А Нил Ворнок, кој во Англија беше познат како тренер кој често знае да не зема резервни голмани на клупата, реши да го стави високиот стопер Јагиелка на голот наместо повредениот Кени.
Џагиелка бранеше 34 минути и имаше фантастична одбрана по шутот на Робин ван Перси.
На крајот остана 1-0 и Шефилд однесе голема победа.
КАЈЛ ВОКЕР - МАНЧЕСТЕР СИТИ (2019)
Сити гостуваше кај Аталанта во овогодинешната групна фаза од ЛШ. Во еден момент од мечот резервниот голман Клаудио Браво го замени повредениот Едерсон, но во финишот Браво доби црвен картон поради старт над Јосип Иличиќ.
Мексиканецот така стана првиот исклучен голман кој влегол од клупата во историјата на ЛШ.
Гвардиола немаше што да прави па му нареди на Кајл Вокер да ги облече ракавиците. Бекот имаше неколку одбрани меѓу кои и онаа по слободниот на Папу Гомез. На крај мечот заврши 1-1 и Сити извлече бод благодарение на Вокер.
РИО ФЕРДИНАНД - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (2008)
Тимот на Сер Алекс Фергусон доминираше неколку сезони, а посебно во 2008-ма кога на фантастичен начин ја освоија тројната круна.
Во еден меч од ФА Купот таа сезона, на Олд Трафорд против Портсмут, Едвин ван дер Сар се повреди па влезе Томаш Кушчак, резервниот голман. Ама малерот да биде поголем, Кушчак доби црвен картон и направи пенал.
Ракавици стави Рио Фердинанд ама не успеа да му го фати пеналот на Сули Мунтари.
Манчестер изгуби 1-0 и не успеа да освои домашна тројна круна (покрај ЛШ, Премиер Лига и Комјунити Шилд). Интересно, Портсмут таа сезона сензационално го освои ФА Купот.
ХАРИ КЕЈН - ТОТЕНХЕМ (2014)
Иако важи за еден од најдобрите и најскапи напаѓачи на денешницата, Хари Кејн во биографијата може да напише и дека на еден официјален натпревар бранел.
Тотенхем играше против Астерас Триполис во Лига Европа. Кејн постигна хет-трик и мечот беше решен.
Во еден момент Уго Лорис се повреди, Тотнем немаше право на замени па Хари Кејн застана да брани. Ама не се прослави.
Првиот удар кон неговиот гол беше еден млак слободен удар кој секој лесно би го скротил. Кејн неспретно реагираше и топката влезе во голот. На крај Спарс победија 5-1.
РОБИ СЕВИЏ - ДЕРБИ (2010)
Дуел меѓу Дерби Каунти и Ридинг во Чемпионшип. Дерби губи 2-1, а наместо повредениот голман Стивен Бајвотер влегува Сол Дини. Ама Дини добива црвен картон пред крајот на првиот дел.
Во второто полувреме бранеше легендата на англискиот Чемпионшип, Велшанецот Роби Севиџ. Пред 30.000 гледачи имаше неколку јаки одбрани, но на крај неговиот Дерби изгуби 4-1.