Дајте им по 50 денари па нека си купат сами

Хранењето птици е нефер

Хранењето птици во урбанизирани услови се сметаше за кул навика со која човек го помага одржувањето на еко системот во своето место на живеење. Е, па, грешка.

Оние што хранат птици во урбанизирани услови несвесно прават штета на локалниот еко систем бидејќи со хранењето ги фаворизираат поагресивните видови на штета на помирните птици. Во случај на човечки интервенции во исхраната на птиците, територијата главно ја окупираат фајтерите од типот на чавки, гулаби и врапци додека помирните птици карактеристични за тој регион кои би преживеале и без дополнителна исхрана биваат протерани од местото.

Тоа го покажува една студија на примерок во Нов Зеланд каде постојат над 260.000 домови кои на балконите или во дворовите имаат хранилки за птици. Било утврдено дека во случај на човечка дохрана, бројот на врапчињата бил зголемен за 2,4 а бројот на гулабите за 3,6 пати.

А хранењето на птици е популарно и во Европа, САД и Австралија. "Тоа е толку масовно што се работи за своевиден глобален експеримент", вели човек кој учествувал во студијата.

"Ние не велиме да престане хранењето на птици, но сакаме да размислуваме што човек може да направи за да задржи поразновидна палета видови. Некогаш за тоа е доволно да се насадат соодветна дрвја и да се обезбеди вода," порачуваат научниците.

 

5 мај 2015 - 10:31