Пеп Гвардиола се восхитува на летот на гуски (формациски лет во воената терминологија познат и како летечки клин) и им го дава како пример на играчите.
Љубовта на Пеп кон орнитологијата ја открил аналитичарот на Манчестер Сити Хари Дан. Тој често снима тренинзи со дрон од поголеми висини.
Еднаш му прелетало јато гуски. Кога Пеп ги приметил на видеото, широко отворил очи и рекол: „Погледни го ова, човече, неверојатно е, они работат заедно како екипа!“
Неодамна на прес-конференцијата пред првиот меч на Манчестер Сити во новата сезона од Премиер лига против Тотенхем на гости, по задолжителното прашање за Хари Кејн, Пеп го прашале за гуските.
„Тоа е многу добра слика (јато на гуски). Не ги управува цело време еден сите. Понекогаш тој што е напред може да се најде позади. Ова не е индивидуален спорт, нам во текот на сезоната потребен ни е секој играч. И зас секого стои клубот и тимот“, детално одговорил Пеп.
Шпанскиот тренер не е прв тренер кој барал светли и јасни примери меѓу птиците и животните. Џан Пјеро Гасперини, човекот кој од Аталанта Бергамо направи светски клуб, во соблекувалната на екипата закачил фотографија од чопор на волци за да ги мотивира играчите да даваат се еден за друг (мотивите му се исти како на Пеп).
А англискиот фудбал веќе слушнал за јато гуски. И тоа исто во Манчестер, само во другиот крај, оној црвениот. Во 2016-та сер Алекс Фергусон раскажал како ги мотивирал играчите на Манчестер Јунајтед.
„Имав пријател, роднина кој држеше фарма во Канада. И ми раскажа еднаш за гуските кои на зима летаат во потопли места. Пред првиот меч од новата сезона по освоена титула им раскажав на играчите за тие гуски.
Тие се држат во два клина, секоја птица во јатото и помага на другата, тоа е тимска работа“.
На крајот од говорот им рекол на играчите:
„И тие гуски прелетуваат 4 илјади километри за сонце, а јас барам од вас да одиграте 38 меча и да освоите титула“.
„Гуските во полетот формираат клин во форма на латиничната буква V. Птицата која лета напред создава вртушка во воздухот која ја крева птицата која лета позади и таа троши помалку напор отколку кога лета сама и задржува добар поглед зошто лета малку од страна.
Првата птица мора да работи повеќе од оние кои летаат зад неа, но водачот стално се менува. И се верува дека кај птиците во јато не е својствено да пробат да измамат со цел да си го олеснат летот.
При тоа треба да се знае дека при далечни прелети млада птица не може да биде во улога на лидер и кога не знае на каде да лета патот и го покажуваат поискусните птици“, вели Павел Кварталнов, професор по биолошки науки и постар научен соработник на катедрата зазоологија при Биолошкиот факултет на Московскиот универзитет Ломоносов.
Интересно, слични дејства има и кај птиците кои имаат поинаква форма на јато. На пример кај чавките. Роднините што летаат во близина се прилагодуваат едни на други што го прави летот полесен иако целото јато кај нив изгледа хаоитчно.
На есен може да се набљудуваат јата од неколку стотини птици кои летаат на југ. Кога се нападнати од предатори, јатото станува погусто, ја менува формата така што еден голем јастреб, сокол или орел да не може да им се приближи.
Во случај ако зграби со нокти плен, во ист момент наеднаш јатото почнува свесно да паѓа, да се спушта надолу така што предаторот го губи од вид ранетиот плен и неговите напори се залудни. За да ловат птицо во јато, предаторите исто така треба да дејствуваат хармонично, па така кога еден од нив го крши и разбива стадото на повеќе страни, другиот предатор лови плен. Но не се сите предатори способни за таква заедничка работа затоа што во јатото секоја птица се придржува до одредени правила и да се држи до најблиските во летот.
Тоа е и намерата на најдобриот тренер на денешницата, Пеп Гвардиола кој прави шампионски екипи врз основа на формација на лет на гуски. Еден за сите и сите за еден.