Музика од Флојд и Кеш, точаци, мотори и патишта, придружени од мудри зборови на некој кој посакува до крајот на животот да прави палачинки крај печка на дрва.
Aко нешто се споделува, се печати или се кажува доволно долго, тоа никогаш нема да стане вистина, но ќе стане реално. Отприлика вака стојат работите на интернет кога некоја информација ќе почне масовно да циркулира.
Во Париз е изложена импресивната ролна хартија, на која е напишан оригиналниот текст на култиот роман на Керуак, „На патот". Утре во Кан премиерно ќе се прикаже и филмската адаптација.
Списокот бил наводно нашкрабан на ѕидот во хотелската соба на Гинзберг во Норт Бич, а правилата на него се однесуваат колку на литературата, толку и на животот.