Посетителите на Музејот на писма и ракописи во Париз, до 19. август ќе можат да ги видат првите девет од вкупно 36,50-те метри од легендарната ролна, сопственост на Американецот Џим Ирсеј, голем љубител на рокенролот и газда на фудбалскиот клуб „Колтс" од Индијана, кој ракописот го купил во 2001. на аукција за 2,5 милиони долари.
Керуак својот славен роман го напишал во 1951., за само три недели, на оваа ролна, со единечен проред и без маргина, поглавја и нови редови. Идниот херој на бит генерацијата тогаш имал 29 години. „Ја напишав книгава под влијание на кафе: 6,000 зборови на ден, а 12,000 првиот и 15,000 зборови последниот ден", изјавил Керуак за романот, кој откако бил објавен во 1957. само во Америка е продаден во 4 милиони примероци, а во светот сè уште се продаваат по 100,000 парчиња годишно.
Филмската адаптација која ја режираше Волтер Салес („Дневникот на мотоциклистот") ќе биде прикажана утре (23.5) во Кан во рамките на официјалната селекција. Засега тука трејлерот.